Р’нковце
Р’нковце или Р’нковци (албански: Hërkoc/Orkoc) — село во Општина Липково, во северниот дел на Македонија.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е сместено западните делови на Скопска Црна Гора, недалеку од патот од Липково кон Липковското Езеро. Лежи во планински предел, на надморска височина од 780 м, а атарот зафаќа површина од 2,8 км2.[1]
Историја[уреди | уреди извор]
На крајот од XIX век Р’нковце било албанско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Хрнковци (Хрънковци) се состоело од 50 Арнаути муслимани и 50 Роми.[2]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Според податок од 1998 г. Р’нковце располага со 199 ха шуми и 47 ха обработливо земјиште.[1]
Демографија[уреди | уреди извор]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[3] | 1905[4] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 100 | — | 213 | 178 | 184 | 201 | 89 | — | 35 | 21 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]
Селото доживеало двоен пораст во првите децении на XX век. Според пописите од 1953 и 1961 г. огромен дел од жителите на Р’нковце биле Турци.[6] Ова се сменило во текот на 1960-тите кога Турците се иселиле, а на нивно место дошле голем број Албанци. Така, од вкупно 201 жител во 1971 г. имало 17 Турци, 3 Македонци, а останатите биле Албанци. Во наредните пописни години во ’Рнковце живееле исклучиво Албанци, а населението покажува неколкукратен пад.
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 21 жител, сите Албанци.
Родови[уреди | уреди извор]
Р’нковце денес е албанско село
Според податоците од 1941 година, родови во селото се:[7]
- Доселеници: Селманови (10 к.), Аметови (9 к.) и Данови (7 к.) потекнуваат од фисот Бериша. Овде се доселиле од местото Чаје во северна Албанија. Предците на овие родови биле блиски роднини.
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Основно училиште
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 260. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 217. ISBN 954430424X.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Р’нковце — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)
- ↑ . Трифуноски, Јован (1951). Кумановско-Прешевска Црна Гора. Белград: САНУ. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|