Отља
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Отља (албански: Hotla) — село во Општина Липково, Кумановско.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Отља лежи северозападно од Куманово и кумановскиот дел на Скопска Црна Гора (Карадак), во Жеглигово на десниот брег на Липковска Река. Местото е исполнето со планини и котлини, и се наоѓа во близина на селата Липково и Матејче. Отља се наоѓа на падините на Скопска Црна Гора, во селата кои се населени со Албанци муслимани.
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Националност | Вкупно |
Македонци | 3 |
Албанци | 3 137 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 8 |
Родови[уреди | уреди извор]
Отља е муслиманско село. А порано имало и православно население.
Според истражувањата од 1941 година, родови во селото биле
Православни
- Грујовци (4 к.) доселени биле пред повеќе од 350 години од околината на Вучитрн во Косово. Тогаш во Отла и останатите села на Карадак немало доселени муслимански родови од Албанија. Потоа доста население од Грујовци се иселил во Скопје, Дебар, Матејче и Куманово.
- Петковци (1 к.) доселени биле од околината на Косовска Митровица во Косово. Од овој род имало многу иселеници во Куманово (10 семејства).
- Златанови (1 к.) доселени биле од некое место во Косово. Имале иселеници во Куманово (8 семејства).
- Ѓоргиовци (1 к.) доселени биле од Метохија. Имале иселеници во Куманово (10 семејства).
Муслимански
- Острец (9 к.) и Муратови (18 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија.
- Ибралар (8 к.) потекнуваат од фисот Гаш во северна Албанија.
- Абазолар (20 к.), Аметалар (17 к.), Пљускалар (8 к.), Дајколар (10 к.), Крачуљ (12 к.), Курталар (12 к.) и Аличко (10 к.) потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија.[1]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Трифуноски, Јован (1951). Кумановско-Прешевска Црна Гора. Белград: САНУ.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|