Глажња

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Глажња
Глажња is located in Македонија
Глажња
Местоположба на Глажња во Македонија
Координати 42°10′53″N 21°32′52″E / 42.18139° N; 21.54778° E / 42.18139; 21.54778Координати: 42°10′53″N 21°32′52″E / 42.18139° N; 21.54778° E / 42.18139; 21.54778
Регион Logo of Northeastern Region, Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Lipkovo Municipality.jpg Липково
Население 54 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1307
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17022
Надм. вис. 744 м
Глажња на општинската карта
Глажња во Општина Липково.svg

Атарот на Глажња во рамките на општината
Commons-logo.svg Глажња на Ризницата


Глажња — село во Општина Липково, во северниот дел на Македонија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа недалеку од вештачкото езеро Глажња изградено по течението на Липковска Река. Пределот е ридски и има надморска височина од 560 до 744 м, зависно од маалото, од кои денес главно е Пресница. Атарот се издига до сртот на планината Скопска Црна Гора, на границата со Скопската Котлина, и зафаќа површина од 10,7 км2[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Јужна Морава го обележал Глазња како албанско село.[2]

На крајто од XIX век Глажња било албанско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Глажња се состоела од 160 жители Арнаути муслимани.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Глажња има полјоделско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. селото поседува 816,5 ха шуми, 126,7 ха обработливо земјиште и 13,4 ха пасишта.[1]

Демографија[уреди | уреди извор]

Населението на Глажња значително се зголемило во првите децении на XX век, што траело сè до 1960-тите, кога тоа речиси се располовило. Ова се должи на фактот што во непосредниот повоен период, три четвртини од населението биле Турци, а во наредните години, со изелување, тие се изедначиле со Албанците. Во 1971 г. во селото веќе немало Турци, но имало 18 Македонци, а останатите биле Албанци. Во текот на следната деценија бројот на жители доживеал голем пад и продолжил да опаѓа, но со поскромна стапка. Во 2002 година во Глажња имала 54 жители.[4]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 160 482 488 489 252 90 76 54
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови[уреди | уреди извор]

Староседелското население било македонско, но подоцна претрпело албанизација и исламизација со доаѓањето на албански доселеници северна Албанија. од Според податоците од 1941 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Пресница (16 к.) поисламени и поалбанчени. Во ислам прешле на крајот од XVIII век, во времето кога овде почнале да се доселуваат другите муслимански родови. Живеат во посебно маало, но се мешаат и со другите Албанци, па така сега се изјаснуваат дека се од фисот Красниќи; Мезни (15 к.) поисламени и поалбанчени. На ислам прешле кога и претходниот род. И они кажуваат дека се од Красниќите.
  • Доселеници: Чап (19 к.) потекнуваат од фисот Буз Мајла во Љума во северна Албанија. Овде се доселиле одамна; Дан (6 к.) исто потекло како и претходниот род. Овде дошле по повик од претходниот род; Бочан (9 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија.[8]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Селото нема училиште, туку децата посетуваат настава во соседното Р’нковце.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Според истражување од 1965 г. во кумановското село Черкези живее родот Глажњани (2 куќи), кои се доселени од Глажња[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 69. ISBN 9989-862-00-1.
  2. Croquis des westlischen Gebietes der Bulgarischen Morava von J.G. von Hahn und A Sach. Deukschriften der k Akad. d Wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 217. ISBN 954430424X.
  4. Глажња — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. . Трифуноски, Јован (1951). Кумановско-Прешевска Црна Гора. Белград: САНУ. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: others (link)
  9. Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]