Липково
Липково | |
Координати 42°9′23″N 21°35′7″E / 42.15639° СГШ; 21.58528° ИГДКоординати: 42°9′23″N 21°35′7″E / 42.15639° СГШ; 21.58528° ИГД | |
Општина | Општина Липково |
Област | Жеглигово |
Население | 2.644 жит. (поп. 2002) |
Надм. вис. | 448 м |
![]() |
Липково — село во Општина Липково, во околината на градот Куманово.
Содржина
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Жеглигово, во западните падини на Скопска Црна Гора, на десниот брег на Липковска Река. На 2 километри од Липково се наоѓа Липковското Езеро. Оддалечено е 13 километри западно од Куманово.
Историja[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Кумановската каза во Отоманската Империја.
Економија[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Липково живееле 490 жители, од кои 250 Албанци и 240 Македонци.[1]
Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Липково имало 48 Македонци, патријаршисти.[2]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.644 жители, од кои 2.631 Албанец, 2 Македонци и 11 останати:[3]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 490[1] | 48[5] | 1.418 | 1.663 | 1.507 | 1.741 | 1.929 | 2.339 | 2.644 |
Родови:[уреди | уреди извор]
Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Дерњан (53 куќи), каде што се доселил кон крајот на 18-тиот век. Потекнува од местото Дерњан од областа Мат (северна Албанија).[6]
Општествени институции[уреди | уреди извор]
Администрација и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Родени
- Бајрам Шабани, народен херој
- Крсте Христов, општественик, ктитор на црквата „Црква Св. Димитрија , Скопје“.
- Садула Дураку (1960 - ), македонски политичар, министер
- Евзи Мемети (р. 10 јуни 1936) - македонски просветен работник и функционер во СРМ
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 217.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126-127.
- ↑ http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp. 126 – 127.
- ↑ Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 год., 10 стр.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|