Белановце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Белановце
Белановце is located in Македонија
Белановце
Местоположба на Белановце во Македонија
Белановце на интерактивна карта

Координати 42°14′03″N 21°33′44″E / 42.23417° СГШ; 21.56222° ИГД / 42.23417; 21.56222Координати: 42°14′03″N 21°33′44″E / 42.23417° СГШ; 21.56222° ИГД / 42.23417; 21.56222
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Lipkovo Municipality.jpg Липково
Население 10 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1325
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17008
Надм. вис. 940 м
Белановце на општинската карта
Белановце во Општина Липково.svg

Атарот на Белановце во рамките на општината
Commons-logo.svg Белановце на Ризницата

Белановце или Белановци — село во Општина Липково, Кумановско.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во северниот дел на општината, во сливното подрачје на Липковска Река. Лежи во планински предел, на надморска височина од 940 м. Атарот зафаќа површина од 9,4 км2, и на север се граничи со Косово (Општина Гнилане).[2] Како село од разбиен тип, Белановце се состои од маала, меѓу кои Дервишка, Саласка и Јашарска. Низ селото тече Белановска Река, која продолжува во југоисточен правец и добива други имиња со примањето на разни притоки, за да заврши како притока на Липковска Река.

Низ селото минува регионалниот пат од Опае со граниниот премин „Станчиќ“ (Р29272).

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на селото е населено уште од доцноантичкото време, за што сведочи гробот пронајден во наоѓалиштето околу селото.[3]

Во близина на денешно Белановце, веројатно од неговата јужна страна, се наоѓало средновековното село Архилевица, каде деспотот Дејан подигнал своја родова црква — задолжбина. Во Првата архилевичка грамота од 1354/5 г. царот Стефан Душан ги потврдува и дополнува даровите на Дејан во полза на црквата. Во Втората архилевичка грамота од 1381 г. синот и вдовицата на деспотот Дејан, Константин Дејанов и Евдокија, ја подариле црквата и нејзиниот имот на манастирот Хиландар во Света Гора.[4]

Во 1591 г. во селото е изградена црква „Св. Никола“.[2]

За време на Народноослободителната војна на 14 октомври 1941 г. крај селото е разбиен Карадачкиот партизански одред од страна на бугарски единици на 53. пешадиски осоговски полк и полицијата. Во селото стои споменик во чест на паднатите борци.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Белановце има полјоделско-шумарско стопанство. Располага со 698,2 ха шуми, 137,9 ха обработливо земјиште и 40 ха пасишта.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948407—    
1953415+2.0%
1961330−20.5%
1971241−27.0%
198155−77.2%
ГодинаНас.±%
199111−80.0%
199412+9.1%
20027−41.7%
202110+42.9%

Интересно е да се напомене дека на пописот од 1953 г. во селото имало 361 Турчин и само 53 Албанци. Ова се сменило во текот на 1950-тите, кога половината од Турците заминале, а на нивно место се доселиле Албанци, и со тоа станале приближно еднакви по бројност. Во следната деценија останале само 8 Турци, а сите други жители биле Албанци, за понатаму селото да стане чисто албанско.[5]

Според пописот од 2002 г. селото имало 7 жители, сите Албанци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Албанци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 407 415 330 241 55 11 12 7 10
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Според истражувањата од 1941 година, родови во селото биле:

  • Староседелските Турци не се забележани, доколку статистичките податоци се исправни.
  • Доселеници: Асови (12 к.), Јашарови (7 к.), Салаови (15 к.), Џаферови (7 к.), Османови (6 к.) и Дервишови (7 к.). Сите потекнуваат од ист предок и од фисот Гаш. Најстариот предок на сите овие родови бил некојси Беле, кој дошол во селото како католик од северна Албанија. На ислам преминувале постепено во XIX век. Беле имал 6 синови. Во родот Асови се знае следното родословие: Ферат (жив во 1941 година) Бељул-Ајдин-Даут-Куртиш-Мамут-Асан-Беле, најстариот предок.[10]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Селска џамија
  • Основно училиште

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Албанското население од ова село е иселено во Оризари, Орланци, Куманово, Турција, Скопје. Черкеско Село, Руѓинце.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 23. ISBN 9989-862-00-1.
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 205. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Матанов, Хр. Княжеството на Драгаши, София, 1997, с. 56 – 7, 168.
  5. Белановце — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. 10,0 10,1 . Трифуноски, Јован (1951). Кумановско-Прешевска Црна Гора. Белград: САНУ. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: others (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]