Полјоделство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Полјоделство или поледелство — една од основните дејности во рамки на земјоделството, која го опфаќа делот на обработката на земјиштето за одгледување на разновидни растенија од кои се добива храна за човекот и добитокот, суровини за понатамошна индустриска обработка и производство итн. Тоа зафаќа најголем дел од обработливите површини, ангажира бројна работна сила и голем дел од агротехничките средства и обезбедува издршка (егзистенција) на најголем дел од селското население[1]. Според вкупниот обем на производството, поледелството претставува најважна земјоделска област[1]. Во рамки на поледелството најмногу се одлегува и произведува: жито, градинарски култури односно зеленчук, индустриски култури, овошје и фуражни култури за сточна храна, поради што тоа во својот состав ги вклучува градинарството, овоштарството и лозарството. Поледелското производство може да биде интензивно и екстензивно, како и оранжериско под стакленици и пластеници каде со подобрување на условите во однос на топлината и светлината од сончево зрачење се забрзуваат процесите на растење и зреење на посевите најчесто кај раниот зеленчук. Поради овие одлики често поледелството се именува и смета за синоним за земјоделството, кое истовремено го вклучува и сточарството.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Новачевски, Димитрија (2009). Блаже Ристовски. уред (на македонски). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-023-4 (1).