Орланци (Скопско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Орланци
Орланци (Скопско).JPG

Глетка на селото Орланци

Орланци is located in Македонија
Орланци
Местоположба на Орланци во Македонија
Координати 42°2′53″N 21°35′35″E / 42.04806° СГШ; 21.59306° ИГД / 42.04806; 21.59306Координати: 42°2′53″N 21°35′35″E / 42.04806° СГШ; 21.59306° ИГД / 42.04806; 21.59306
Општина Coat of arms of Aračinovo Municipality.svg Арачиново
Население 829 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 431 м
Commons-logo.svg Орланци на Ризницата

Орланци — село во Општина Арачиново, во околината на градот Скопје.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Орланци се наоѓа на источната страна на северниот дел на Скопската Котлина во рамки на Општина Арачиново[1]. Сместено е во дното на длабок дол на крајното југоисточнои подножје на Скопска Црна Гора, од левата страна на асфалтниот регионален пат кој од Скопје преку Арачиново води за Куманово. Селото е рамничарско, расположено на надморска височина од 400 метри[1]. Атарот кој се издигнува на јужните падини на Скопска Црна Гора зафаќа простор од 4,1 км2, на кои обработливото земјиште зазема површина од 245 ха, а на пасиштата отпаѓаат 224 ха[1].

Историja[уреди | уреди извор]

На потегот Селиште кој се наоѓа на 800 метри јужно од денешното село, се наоѓало старото македонско Орланци, кое ја зафаќало десната падина на широката долина[2]. До шеесетите години на ХХ век, на ова место имало видливи камења од ѕидови на куќи и парчиња од грнчарија, а на две места се забележувале остатоци од црквиште и стари гробови[2]. Познато е дека црквата во Орланци била посветена на Света Петка, а неа за празници ја посетувале Македонци христијани од други села, како на пример Бучинци каде во 1910 година како стогодишен старец умрел некојси Ѓорѓија од тамошниот род Сељовци кој за причест одел во црквата во селото Орланци[2]. Доказ дека Орланци било населено со христијанско македонско население се пишаните турски документи од средновековиот период од XV век, односно од опширниот пописен дефтер бр. 12 од 1452/1453 година за тогашниот Скопски вилает, каде е запишано дека во Орланци живееле вкупно 47 македонски христијански семејства, 4 вдовици и 9 неженети со имиња како Петко, Никола, Димитри, Драгош, Влатко, Спасе, Доброслав, Новак, Божидар, Влајко, Стојан, Пејо, Оливер, Иван, Ѓоре, Костадин, Ивана, Станислава, Калина, Радослава и др. кои остварувале приход од 1424 акчиња[3]. Подоцна во XVI век, во 1544 селото имало 42 македонски христијански и 1 муслиманско семејство, а во 1568 биле забележани 42 христијански семејства[3]. На почетокот на XIX век северно од македонското село Орланци се населиле две албански домаќинства од кои потекнуваат денешните родови Зекировци и Суљовци[2]. Припадниците на тие родови брзо се намножиле и ги заземале најдобрите делови на атарот особено пасиштата и шумата, а вршеле и пакости на стоката[2]. Имајќи предвид дека Албанците како муслимани биле повластени во отоманското време, како и неповолната и небзебедна положба крај главниот пат меѓу Скопје и Куманово, околу средината на XIX век започнале судири меѓу староседелското македонско и доселеничкото албанско население. Не можејќи да опстојат во селото Македонците започнале да се иселуваат при што се знаат иселениците: родот Орланци во Куманово, Ристо и Ѓорѓи во Скопје, а веќе во втората половина на XIX век селото целосно станало албанско[2]. Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 120 жители муслимани (Албанци).[4]. Од 1955 започнал силен бран на иселување на албанското население во Турција и доселување на бошњачко население исто така на пат за иселување во Турција. Сите бошњачки родови се населиле од Санџак во Србија и Црна Гора во периодот од 1955 до 1963, купувајќи куќи и имоти за цена од 200.000 до 500.000 тогашни динари[2]. Поради тие процеси за Орланци постоело мислење дека е пролазно село бидејќи едни жители се иселуваат, а други се доселувале[2].

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Името на селото потекнува и има значење на македонски јазик најверојатно од името на птицата орел , што укажува дека тоа останало од староседелците Македонци, а го прифатиле и доселените Албанци кои селото го нарекуваат Orllanca. Местоположбата на селото, вовлечено во дол под падините на Скопска Црна Гора, кој често го надлетуваат орли и други граблви птици, може да ја потврди претпоставката за потеклото и значењето на името. Во Македонија постои уште едно село со име Орланци во Кичевско.

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К'нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Орланци имало 120 жители, сите Албанци.[5]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 829 жители. Следува табела на националната структура на населението[6]

Националност Вкупно
Македонци 0
Албанци 761
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 63
Други 5

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:[7]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 120[5] 192 222 319 424 545 688 829

Родови[уреди | уреди извор]

Орланци е албанско-бошњачко село.

Со започнувањето на доселувањето на Албанците во првата половина на XIX век и целосното иселување на Македонците во Куманово (род Орланци) и Скопје (Ристо и Ѓорѓи)[2], селото Орланци денес е населено со албански муслимански родови. Најстари родови се: Суљовци и Беќировци (од северна Албанија)[2]. Останати албански родови се: Чајан (дошле од с.Љуботен (Скопско), а по потекло се од местото Чаја во областа Љума во северна Албанија), Белановчани (припаѓаат на фисот Бериша од северна Албанија, а тука дошле од с.Белановце во Кумановско), Брестњани, Тенџер (припаѓаат на фисот Бериша) и Акуљци (припаѓаат на фисот Красниќи) сите дојдени од с.Брест на Скопска Црна Гора, а со подалечно потекло до северниот дел на Албанија[2]. Сите бошњачки родови се населиле од Санџак во Србија и Црна Гора во периодот од 1955 до 1963 на пат за иселување во Турција: Хасиќи, Хајдаровиќи, Мекиќи, Еровиќи, Меховиќи и др[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 222–223. 
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 Трифуноски, Јован (1964) (на српски). Сеоска насеља Скопске котлине. Скопје: Филозофски факултет. стр. 24–26. 
  3. 3,0 3,1 Соколоски, Методија (1976) (на македонски). Турски документи за историјата на македонскиот народ. III. Скопје: Архив на Македонија. стр. 214. 
  4. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
  5. 5,0 5,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 208.
  6. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]