Табановце
Табановце — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Табановце се наоѓа на границата помеѓу Србија и Македонија (граничен премин Табановце) и е оддалечено 8 км од Куманово.
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]

Табановце — село со развиена економија. Населението се занимава со земјоделство и сточарство.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Табановце живееле 500 жители, сите Македонци.[1]
Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Табановце имало 480 Македонци, патријаршисти.[2]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живеат 910 жители, од кои:[3]
Националност | Вкупно |
Македонци | 205 |
Албанци | 177 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 516 |
Бошњаци | 0 |
Други | 12 |
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 1.109 |
1953 | 90 | — | 1 | 53 | — | 1.110 | ... | 11 | 1.265 |
1961 | 78 | — | 1 | ... | ... | 1.159 | ... | 21 | 1.259 |
1971 | 118 | 126 | 1 | 1 | ... | 935 | ... | 13 | 1.194 |
1981 | 148 | 250 | — | — | — | 736 | ... | 30 | 1.164 |
1994 | 148 | 174 | — | — | — | 533 | — | 10 | 885 |
2002 | 205 | 177 | — | — | — | 516 | — | 12 | 910 |
Родови[уреди | уреди извор]
Православни родови во селото Табановце се: Бузинци (23 к.) они се најстар табановачки род; Заќевци (20 к.) доселени се од денес албанското село Зајас, Кичевско, доселени се околу 1800 година; Мицини (20 к.) доселени се од некое село во Битолско; во маалата Чифлак (36 к.) и Сланиште (35 к.) живеат доселеници од Горна Пчиња и Кривопаланечко; Киселчани (9 к.); Старчани (9 к.) доселени се околу 1920 година од селото Старац кај Врање; Колонисти (10 к.) доселени се како колонисти од Србија и Лика; Пироќанци (15 к.) доселени се од околината на Пирот.
Муслимански родови: муслиманските Албанци во селото се населени од околу 1962 година, кога србските колонисти почнале да се иселуваат во Смедерево, муслиманското население е доселено од околината на Гнилане (13 к.).[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Коџа Мехмед бег џамија — руинирана џамија од крајот на XVI и почетокот на XVII век, прогласена за значајно културно наследство на Македонија[6]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Родови иселени од Табановце има во Карабичане (Црвенковци и Басмарци), Режановце (Кокошињаци), Опае (Армутовци), Долно Коњаре (Петруш), Горно Коњари (Пешеви). Од 1945 година, па натака населението почнало помасовно да се иселува низ градовите.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 217.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 128-129.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: Универзитетска печатница „ Кирил и Методиј “. стр. 27-28–29-30.
- ↑
Културно добро бр. 240: „Коџа мехмед бег џамија“ — Национален информативен систем за културното наследство на УЗКН