Умин Дол
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Умин Дол — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 442 жители, од кои 226 Срби, 218 Македонци, и 2 останати.[1]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[2]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 534 |
1953 | 278 | — | — | — | — | 304 | ... | — | 582 |
1961 | 320 | — | — | ... | ... | 327 | ... | 7 | 654 |
1971 | 322 | — | — | — | ... | 306 | ... | 5 | 635 |
1981 | 272 | — | — | — | — | 278 | ... | 8 | 558 |
1991 | 226 | — | — | — | — | 251 | ... | 33 | 510 |
1994 | 201 | — | — | — | — | 273 | ... | 6 | 480 |
2002 | 218 | — | — | — | — | 226 | — | 2 | 442 |
Родови[уреди | уреди извор]
Умин Дол е мешано православно село.
Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:
- Српски родови: Докмановиќи (5 к.), Ракиќи (1 к.), Божичковиќи (2 к.), Богдановиќи (1 к.) и Свилари (1 к.) доселени се од разни села во Лика во Хрватска; Јериниќи (2 к.) и Поповиќи (1 к.) доселени се од Банија; Радошевиќи (2 к.) доселени се од Добро Село кај Босанска Крупа во Босна; Перуновиќи (1 к.) доселени се од Црна Гора; Манојловиќи (1 к.) доселени се од Гроцка во близина на Белград во Србија; Станковиќи (4 к.) и Крстиќи (1 к.) доселени се од селото Вета кај Пирот во Србија. До овде родовите се доселени во периодот од 1921 до 1923 година; Златановиќи (4 к.), Јаќимовиќи (3 к.), Неделковиќи (1 к.), Пешиќи (1 к.), Спасиќи (1 к.) и Трајко (1 к.) доселени се од селото Долни Козји Дол во Горна Пчиња; Златановиќи (2 к.) и Спасиќи (2 к.) доселени се од селото Радовница во Горна Пчиња; Милосавлевиќи (3 к.), Горновчани (2 к.), Стаменковиќи (2 к.), Станковиќи (1 к.) и Стојко (1 к.) доселени се од селото Горновац во Горна Пчиња; Ристиќи (1 к.) доселени се од селото Црвени Град во Горна Пчиња; Ивановиќи (1 к.), Симеоновиќи (1 к.), Станимир (1 к.) и Стојковиќи (1 к.) доселени се од разни села во Горна Пчиња; Цветковиќи (1 к.) доселени се од Големо Село во Пољаница. Родовите до овде наведени се доселени во периодот од 1925 до 1940 година; Гиланчани (16 к.) доселени се од селото Цапара кај Гнилане во Косово, во текот на Втората светска војна.
- Македонски родови: Атанасовци (2 к.) и Крстиќи (1 к.) доселени се од селото Страцин кај Кратово; Петковци (1 к.) доселени се од селото Орашац. Овие родови се доселени измеѓу двете светски војни; Думановчани (5 к.) доселени се од селото Думановце; Атанасови (4 к.) доселени се од селото Љубинци кај Крива Паланка; Антовци (2 к.) доселени се од селото Герман кај Крива Паланка. Овие родови се доселени за време на Втората светска војна; Паланчанци (16 к.) доселени се од селата Градец, Конопница и Жидилово кај Крива Паланка; Ивановци (3 к.) доселени се од селото Страцин кај Кратово; Величковци (3 к.) доселени се од околината на Крива Паланка; Јовановци (1 к.) доселени се од селото Бељаковце.[3]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 223. ISBN 9989649286.