Клечевце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Клечевце
Клечовце
Клечевце во рамките на Македонија
Клечевце
Местоположба на Клечевце во Македонија
Клечевце на интерактивна карта

Координати 42°6′57″N 21°51′25″E / 42.11583° СГШ; 21.85694° ИГД / 42.11583; 21.85694Координати: 42°6′57″N 21°51′25″E / 42.11583° СГШ; 21.85694° ИГД / 42.11583; 21.85694
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Kumanovo Municipality.svg Куманово
Област Средорек
Население 472 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 17046
Надм. вис. 520 м
Слава Ѓурѓовден
Клечевце на општинската карта
Клечевце во Општина Куманово.svg

Атарот на Клечевце во рамките на општината
Commons-logo.svg Клечевце на Ризницата

Клечевце или Клечовце — село во Општина Куманово. До 2004 година било седиште на своја Општина Клечевце.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Средорек, сместено недалеку од устието на Крива Река во Пчиња и недалеку од железничката линија Куманово - Бељаковце, а на север е поврзано со регионалниот пат Р29277 (Секулица - Војник). Клечевце е рамничарско, на надморска височина од 520 метри. Од градот Куманово, населбата е оддалечена 21 км. Атарот зафаќа простор од 18,9 км2. Населбата има полјоделска[2] и сточарска функција.

Историја[уреди | уреди извор]

Атарот на Клечевце е населен уште од железното време, за што сведочи наоѓалиштето Калиште сместено на рид на 2 км североисточно од селото.[3]

Во денешниот облик селото постоело уште пред турското време, но за неговото име се знае дури по доаѓањето на Турците. Тие го истиснале месното македонско население, кое се раселило по околните села и на населбата ѝ го дале името Чаушчојле. Тука најпрвин се доселиле побогатите Турци како и некои сиромашни (како крепосници). За време на турското ропство врз Македонија, Клечевце било голем центар каде што можело да се пронајде оружје. Низ текот на годините, Клечевце било и општина (до 2004 година). Во 1952 година од Клечевце биле иселени (по своја волја) и последните Турци кои живееле таму. Денес во селото живеат Македонци и мал дел Срби.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Економијата на ова населено место е многу слаба, па затоа сите млади луѓе одлучуваат да се отселат и да се преселат во поголемите градови како Куманово, Скопје, па дури и во странство. Луѓето кои живеат таму живеат од земјоделството или работат во градот како градежни работници за многу мали плати.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.207—    
19531.328+10.0%
19611.382+4.1%
19711.165−15.7%
1981935−19.7%
ГодинаНас.±%
1991694−25.8%
1994615−11.4%
2002573−6.8%
2021472−17.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Клечевце живееле 595 жители, од кои 350 Турци и 245 Македонци.[4] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Клечевце имало 160 Македонци, патријаршисти (под српската црква) и 90 Роми. Во селото се наметнала српската пропаганда и со децении работело српско училиште.[5]

Во 1961 година во селото има 1.382 жители, додека во 1994 година биле запшишани 615 жители.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 573 жители, од кои 555 Македонци, 17 Срби и 1 останат.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 472 жители, од кои 440 Македонци, 1 Албанец, 2 Роми, 4 Срби, 1 останат и 24 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 595 250 1.207 1.328 1.382 1.165 935 694 615 573 472
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови[уреди | уреди извор]

Клечевце е македонско село.

Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Лукинци (10 к.) доселени се од селото Луке кај Крива Паланка; Војинчанци (7 к.) и Мазници (5 к.) доселени се од селото Војник; Нешковци (6 к.) и Димковци (1 к.) доселени се од селото Трстеник во Овче Поле; Бојковци (6 к.) доселени се од селото Режановце. Го знаат следното родословие: Петре (жив на 85 г. во 1972 година) Петруш-Бојко, кој се доселил во селото; Зекини (5 к.) доселени се од селото Јачинце; Бајевци (5 к.) доселени се од селото Кшање; Петрушевци (1 к.) доселени се од селото Макреш; Тошевци (1 к.) и Тошевци (1 к.) доселени се однекаде. Пред крајот на турското владеење Јован Цвијиќ забележал доселеници во селото од Скопско и Дебарско.
  • Доселеници по турското владеење: Огутќанци (13 к.) доселени се од селото Огут во Горна Пчиња; Габранци (5 к.) и Ѓуковци (5 к.) доселени се од селото Габар кај Крива Паланка; Стојанчевци (5 к.), Борковци (3 к.) и Маринци (3 к.) доселени се од селото Подржи Коњ во Горна Пчиња; Петраљинци (5 к.) и Богдановци (4 к.) доселени се од селото Петралица кај Крива Паланка; Поповци (4 к.) доселени се од селото Старо Нагоричане; Црцорци (6 к.) доселени се од Црцорија кај Крива Паланка; Метежевци (7 к.) доселени се од селото Метежево во Горна Пчиња; Дедо Алексовци (3 к.) доселени се од селото Длабочица кај Крива Паланка; Дренчанци (2 к.) доселени се од селото Дренак кај Крива Паланка; Американци (2 к.) доселени се од селото Градец кај Крива Паланка; Канаревчанци (2 к.) доселени се од селото Канарево; Овчеполци (1 к.) доселени се од некое село во Овче Поле.
  • Роми: Крошњарци (5 к.), Даниловци (5 к.), Кокошчевци (4 к.), Науновци (4 к.), Радевци (4 к.), Јежовци (3 к.), Тодевци (3 к.), Аврамовци (2 к.), Масевци (2 к.), Тодосијевци (2 к.), Величковци (1 к.), Ѓуневци (1 к.) и Костевци (1 к.) никој не знае ништо за своето потекло.[12]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Од општествените установи има доста работи како: основно училиште со сите паралелки, пошта, продавници, дневен престој за стари луѓе и една детска градинка. Училиштето го посетуваат деца и од околните села.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви
Археолошки наоѓалишта

На подрачјето на селото и неговата околина се среќаваат следниве археолошки наоѓалишта:[3]

Спорт[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Драган Богдановски

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Постари иселеници се Нешовци кои живеат Горно Ѓуѓанци, Овче Поле.[12]

Посилен бран на иселување настапил од 1961 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Митко Панов, Енциклопедија на селата во Република Македонија, стр.151
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 210. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 215.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 128-129.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. 12,0 12,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница „Св Кирил и Методиј“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]