Четирце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Четирце
Четирце is located in Македонија
Четирце
Местоположба на Четирце во Македонија
Координати 42°12′56″N 21°45′46″E / 42.21556° СГШ; 21.76278° ИГД / 42.21556; 21.76278Координати: 42°12′56″N 21°45′46″E / 42.21556° СГШ; 21.76278° ИГД / 42.21556; 21.76278
Општина Општина Куманово
Население 249 жит.
(поп. 2002)
Четирце на општинската карта
Четирце во Општина Куманово.svg

Атарот на Четирце во рамките на општината


Четирце е село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Се наоѓа на 5 км од српско-македонската граница , на надморска височина од 360 метри. Околни села се Табановце, Горно Коњаре, Сушево.

Историja[уреди | уреди извор]

Според една легенда името настанало уште од старо време кога на тоа место се наоѓале само четири куќи.

Во XIX век селото е дел од Кумановската каза во Отоманската Империја.

Економија[уреди | уреди извор]

Населението се занимава со земјоделство. Доста значаен придонес донесува ретко добриот градежен камен со висок квалитет.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Четирце живееле 420 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Четирце имало 500 жители Македонци од кои 276 патријаршисти и 224 егзархисти. Во селото работеле српско и бугарско училиште.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живеат 249 жители, од кои 215 Срби и 34 Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 420[1] 500[2] 945 990 974 791 608 358 258 249

Родови[уреди | уреди извор]

Четирце е православно мешано село.

Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:

  • Во маалото село се родовите: Ивковци (7 к.), Рушкини (3 к.), Калчини (3 к.) и Сматрини (3 к.) они потекнуваат од првите четири домаќинства кои го основале селото, тоа било околу 1810 година. Они претходно живееле на местото Старо Село, кое лежело на границата помеѓу селата Четирце и Карабичане; Давидовци (15 к.) доселени се од Давидовац кај Врање; Стојчинци (6 к.) доселени се однекаде.
  • Во посебни маала се родовите: Љубановци (20 к.), Амалинци (8 к.) и Величковци (3 к.) гранка се од родот Давидовци; Тасинци (20 к.) потекнуваат од првобитните четири домаќинства кои го основале селото. Во овој род имало некој домазет Ром; Стојчинци (7 к.) гранка се од истоимениот род во маалото Село; Скачкулинци (13 к.) доселени се од селото Скачковце; Коњаровци (3 к.) доселени се од Коњари во скопско; Делинци (8 к.) доселени се од селото Карабичане; Матејчанци (11 к.) доселени се од селото Матејче.[5]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Родот Шоповци се иселил во селото Миладиновци кај Скопје. Јаневи (1 к.), Лубе (1 к.) и Славко (1 к.) се иселиле во селото Долно Коњаре. По Втората светска војна населението почнало масовно да се иселува по градовите во желба да успеат во животот. [5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 217.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 128-129.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница..