Орашац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Орашац е село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.


Орашац
Орашац is located in Македонија
Орашац
Местоположба на Орашац во Македонија
Општина Општина Куманово
Население 387 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 418 м
Орашац на општинската карта
Орашац во Општина Куманово.svg

Атарот на Орашац во рамките на општината


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Историja[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Орашац живееле 602 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Орашац имало 688 Македонци, егзархисти.[2]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 387 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години: [4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 602[1] 688[2] 982 1.104 1.259 1.000 700 476 480 387

Родови[уреди | уреди извор]

Орашац е македонско село.

Родови во селото се: Шановци (40 к.) потекнуваат од предокот Шано, Шано бил Ром. Тој се доселил однекаде, во родот денес нема жители со темна боја на кожата; Гегевци (70 к.) доселени се од дебарскиот дел кој се наоѓа во Албанија, од местото на старина се доселиле пет браќа после некое убиство, жителите на овој род ги знаат предците, Божин, Филип, останатите предци не ги знаат; Терзијовци (30 к.) се делат на Смилковци, Стаменковци и Шалковци. Гранка се од родот Гегевци; Макрешанци (20 к.) доселени се од селото Макреш; Соколовци (5 к.) доселени се однекаде во 19ти век.[5]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 215.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126-127.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница „Св Кирил и Методиј“ Скопје. 

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Целосно исчезнал родот Отљанци кои се иселиле од селото, биле доселени од селото Отља, од родот Соколовци има иселеници во Ниш. Бошковци (2 к.) се иселиле во селото Проевце, гранка од родот Гегевци. Орашчани (3 к.) се иселиле во селото Кучкарево. Петковци (1 к.) се иселиле во селото Умни Дол. Шоповци (2 к.) се иселиле во селото Ќојлија. Гиевци (4 к.) се иселиле во селото Студена Бара, скопско. Рашинци (3 к.) се иселиле во селото Винце. Иселеници има и во Скопје и Куманово.[1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име :2.