Љубодраг
Љубодраг — село во Општина Куманово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Жеглигово, на околу 4 км југозападно од Куманово. Крај него минува регионалниот пат Р104 кој е второстепен правец од Куманово за Скопје. По овој пат селото е поврзано со Черкези на 1 км на североисток и Ново Село на 2 км на југозапад. Лежи на надморска височина од 450 м, а атарот зафаќа површина од 5,4 км2.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Љубодраг е рамничарско село, со исклучиво полјоделско стопанство. Според податок од 1998 г. располага со 487 ха обработливо земјиште.[2]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Низ сите пописни години, селото е во речиси постојан раст, што веројатно се должи на неговата близина до Куманово. Во 2002 година во селото живееле 686 жители, од кои 440 Македонци, 243 Срби и 3 останати.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 718 жители, од кои 452 Македонци, 86 Албанци, 1 Влав, 147 Срби, 12 останати и 20 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 413 | 423 | 482 | 531 | 641 | 698 | 677 | 686 | 718 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови[уреди | уреди извор]
Љубодраг е мешано село.
Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:
Српски
- Михајловиќи (5 к.), Гроздановиќи (4 к.) и Грујиќи (1 к.) доселени се од селото Радовница во Горна Пчиња; Анѓелковиќи (2 к.) доселени се од Бела Паланка; Маниќи (3 к.) доселени се од околината на Пирот. До овде родовите се доселени помеѓу 1921 и 1923 година.
- Радовничани (20 к.) и Лесничани (11 к.) доселени се од селата Радовница и Лесница во Горна Пчиња после Втората светска војна.
Македонски
- Козјачани (30 к.) доселени се од селата Пелинце, Жегљане, Рамно, Малотино и Враготурце; Паланчани (11 к.) доселени се од Кривопаланечко; Кратовчани (8 к.) доселени се од Кратовско.[9]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Во периодот од 1946 до 1956 г. во германското село Глогоњ кај Панчево во Војводина се имаат преселено родовите Брекиќи (1 куќа), Јовиќи (2 куќа) и Величковиќи (2 куќи), на местото на протераното население.[10]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 185. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Љубодраг — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
- ↑ Трифуноски, Јован (1958). О послератном насељавању становништва из НР Македоније у три банатска насеља, Јабука, Качарево и Глогоњ. Нови Сад: Матица Српска.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|