Кокошиње

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кокошиње
Кокошиње во рамките на Македонија
Кокошиње
Местоположба на Кокошиње во Македонија
Кокошиње на карта

Карта

Координати 42°1′44″N 21°56′35″E / 42.02889° СГШ; 21.94306° ИГД / 42.02889; 21.94306Координати: 42°1′44″N 21°56′35″E / 42.02889° СГШ; 21.94306° ИГД / 42.02889; 21.94306
Општина Куманово
Население 12 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 17049
Кокошиње на општинската карта

Атарот на Кокошиње во рамките на општината
Кокошиње на Ризницата

Кокошиње — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во западното подножје на планината Манговица, оддалечено 28 километри јужно од Куманово.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Кокошиње било село во Кумановската каза на Отоманското Царство.

Во август 1904 година чети на ТМОРО извршуваат масакр врз селаните од Кокошиње при што се убиени 53 селани.[2] Кон средината на септември истата година во Кокошиње влегол и Мише Развигоров со својата чета во Кокошиње и убил осуммина селани.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948741—    
1953779+5.1%
1961634−18.6%
1971417−34.2%
1981170−59.2%
ГодинаНас.±%
199184−50.6%
199469−17.9%
200245−34.8%
202112−73.3%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Кокошиње живееле 560 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кокошиње имало 880 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Кокошиње било средно по големина село според бројот на жители. Така, во 1961 година имало 634 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 69 жители, македонско население.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 45 жители, од кои 44 Македонци и 1 Србин.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 12 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 560 880 741 779 634 417 170 84 69 45 12
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови[уреди | уреди извор]

Кокошиње е македонско село.

Според истражувањата од 1957 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Младеновци (23 к.) доселени се од селото Матка, Скопско. Го знаат следното родословие: Цане (жив на 48 г. во 1957 година) Стојче-Лазо-Зафир-Младен, се доселил неговиот татко кон крајот на XVIII век. Они се делат и на други помали гранки како. Поповци, Коневци, Кајмаковци и др; Галевци (12 к.), Даутовци (14 к.), Чајевци (13 к.) и Стамболџиовци (2 к.) доселени се од селото Петралица, Кривопаланечко; Бошковци (6 к.), Јанкуловци (3 к.), Јовановци (6 к.), Ѓорговци (6 к.), Стојанчевци (6 к.), Јовевци (7 к.) доселени се, но не знаат од каде.[11]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Иселеништвото од ова село во главно се одвивало кон Куманово и Свети Николе. До 1957 година, таму се иселиле преку 12 домаќинства.[11]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Влатко Билески, „Војводата Кочо Куршумот“, „Македонска нација“
  3. Христо Силјанов, “Ослободителните борби на Македонија”, том 2, Софија, 1993, 309 стр.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 216.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 126-127.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. 11,0 11,1 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]