Мургаш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мургаш
Мургаш во рамките на Македонија
Мургаш
Местоположба на Мургаш во Македонија
Мургаш на интерактивна карта

Карта

Координати 42°4′19″N 21°53′57″E / 42.07194° СГШ; 21.89917° ИГД / 42.07194; 21.89917Координати: 42°4′19″N 21°53′57″E / 42.07194° СГШ; 21.89917° ИГД / 42.07194; 21.89917
Општина Куманово
Население 11 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 17065
Мургаш на општинската карта
Мургаш во Општина Куманово.svg

Атарот на Мургаш во рамките на општината
Commons-logo.svg Мургаш на Ризницата


Мургаш — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Историја[уреди | уреди извор]

Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од Вилает Кратово од 1618-1619 година селото е забележано, дека Мургап има 36 ханета (домаќинства).[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948561—    
1953614+9.4%
1961546−11.1%
1971455−16.7%
1981246−45.9%
ГодинаНас.±%
199194−61.8%
199487−7.4%
200263−27.6%
202111−82.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мургаш живееле 362 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мургаш имало 416 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 63 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, од кои 8 Македонци и 3 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 362 416 561 614 546 455 246 94 87 63 11
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови[уреди | уреди извор]

Мургаш е македонско село.

Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Јовчевци (10 к.), Пауновци (10 к.), Долномалци или Манојловци (10 к.), Банковци (7 к.), Бачевци (6 к.), Пешевци (6 к.) и Петревци (4 к.). Се зборува дека сите наведени родови потекнуваат од ист предок, кој порано живееле во месноста Старо Село.
  • Доселеници: Марчевци (14 к.) и Котливарци (4 к.) доселени се, но не знаат од каде; Дошлаци (4 к.) доселени се од некое село во околината на Врање. Од споменатото место на старина се иселиле тројца браќа. Еден од браќата дошол во Мургаш, вториот се иселил во селото Градиште (таму 9 к.), а третиот во селото Кучкарево (4 к.). Нивното иселување од околината на Врање, е пред 170 до 200 години.[11]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Стари иселеници има во одредени кумановски села. А во поново време иселеништвото се одвивало во градовите Куманово и Скопје.[11]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, стр. 255.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 215.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126-127.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. 11,0 11,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: МАНУ.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]