Д’лга

Од Википедија — слободната енциклопедија
Д’лга
Д’лга во рамките на Македонија
Д’лга
Местоположба на Д’лга во Македонија
Д’лга на карта

Карта

Координати 42°00′22″N 21°47′00″E / 42.00611° СГШ; 21.78333° ИГД / 42.00611; 21.78333Координати: 42°00′22″N 21°47′00″E / 42.00611° СГШ; 21.78333° ИГД / 42.00611; 21.78333
Регион  Североисточен
Општина  Куманово
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1323
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17028
Надм. вис. 385 м
Д’лга на општинската карта

Атарот на Д’лга во рамките на општината


Д’лга — село во Општина Куманово, во северниот дел на Македонија. Денес нема жители.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во најјужниот дел на Кумановско, недалеку од областа Скопска Блатија. Лежи во западното подножје на Градиштанска Планина, на надморска височина од 385 м. Атарот зафаќа површина од 6,4 км2.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Д’лга е населено уште од неолитот за што сведочи наоѓалиштето Огражди на неговиот источен крај.[4] Селото било населено со Турци.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948314—    
1953372+18.5%
1961312−16.1%
1971322+3.2%
1981199−38.2%
ГодинаНас.±%
19918−96.0%
19942−75.0%
20020−100.0%
202100.00%

Во втората половина на XX век забележано е дека речиси сите жители на селото биле Турци и ова не се променило до неговото иселување во 1990-тите. Во повоениот период забележан е помал број на Роми. Тогаш аселението доживеало извесен раст, а потоа се намалило. До позначајно намалување дошло во 1970-тите, кога населението спаднало од 322 жители во 1971 на 199 жители во 1981 г. Најнаглиот пад следел во наредните години, со што во 1991 г. Д’лга се свела на 8 жители. Во следните неколку години тие се намалиле на двајца жители, а потоа селото е целосно напуштено.

Според пописот од 2002 година, Д’лга немала ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 314 372 312 322 199 8 2 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Селска џамија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 јануари 2021.
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 97. ISBN 9989-862-00-1.
  4. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 208. ISBN 9989-649-28-6.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]