Шупљи Камен
Шупљи Камен — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Шупли Камен — село во околината на Куманово, поточно лежи југоисточно од градот Куманово, лево од патот Куманово-Свети Николе, оддалечено 10км од Куманово. Соседни села се: Зубовце и Орашац од југоисток и југ, Доброшане од запад, Тромеѓа од север, Клечевце од исток.
Одредени места во атарот на селото ги носат следните имиња: Алаџарма, Краста, Габер, Орашки Мост, Оздрим, Доброшански Рид, Редене Крушке, Бабин Дол, итн.[2]
Шупли Камен има разбиен тип. Се дели на Горно, Средно и Долно маало. Разбиеноста на селото настанала после Втората светска војна.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Денешното село Шупли Камен не е многу старо село, тоа настанало во првата половина на XIX век. Пред крајот на турското владеење целото село и сета земја биле чифлиски.[2]
Во XIX век селото било дел од Кумановската каза во Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Шупљи Камен живееле 344 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Шупљи Камен имало 328 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Во 2002 година во селото живеел 81 жител, од кои 80 Македонци и 1 Србин.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 53 жители, од кои 37 Македонци, 1 Србин и 15 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 344 | 328 | 550 | 626 | 689 | 504 | 236 | 136 | 124 | 81 | 53 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови[уреди | уреди извор]
Шупли Камен е македонско село.
Според истражувањата на Јован Трифуноски во периодот од 1965 до 1972 година, родови во селото се:
- Родови кои живееле во селото за време на османлиското владеење: Јастребовци (12 к.) доселени се во првата половина на XIX век од „Јастреб Планина“. Возможно е да се од селото Јастребац кај Бујановац; Мургашци (10 к.) доселени се од селото Мургаш; Мазници (5 к.) доселени се од околината на Врање; Слупчанци (5 к.) доселени се околу 1860 година од денес албанското село Слупчане; Клинчаровци (5 к.) доселени се од селото Пезово; Бирдевци (2 к.) доселени се од селото Младо Нагоричане; Чумљаци (3 к.) доселени се од селото Скачковце; Пројичанци (5 к.) доселени се од селото Проевце; Калејци (2 к.) доселени се од селото Милутинце, Кривопаланечко; Шерковци (5 к.), Шошковци (4 к.), Балтевци (3 к.), Митковци (3 к.), Глогинци (3 к.), Стојилковци (3 к.), Стојковци (2 к.), Мренчевци (2 к.), Мицевци (2 к.) и Сипел (1 к.) доселени се, но не знаат од каде. Стојковци е еден од најстарите родови, а родовите Глогинци и Мицевци потекнуваат од ист предок.
- Родови доселени после турското владеење: Антиќи (2 к.) доселени се од селото Трговиште, Горна Пчиња (денес во Србија); Јаќимовци (2 к.) доселени се од селото Одрено, Кривопаланечко; Арсевци (2 к.) и Тодоровци (2 к.) доселени се од селото Милутинце, Кривопаланечко; Дедо Ванковци (1 к.) доселени се од селото Радибуш, Кривопаланечко.[2]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Администрација[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
ФК Бистрица, има играно во трета лига Север во сезоните 2001/2002, 2009/2010 и 2010/2011.
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Родот Баба Златини (1 к.) се иселил во селото Горно Коњаре. Родот Шупљокаменчанци (3 к.) се иселил во селото Романовце, Скопско. Родот Стаменовци (8 к.) се иселил во селото Студена Бара, Скопско. После Втората светска војна иселеници има во Скопје (15 к.).[2] А иселеници има и во Куманово и на други места.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница „Св Кирил и Методиј“ Скопје.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 215.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126-127.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|