Градиште (Кумановско)
Градиште — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е сместено во областа Овче Поле во северното подножје на Градиштанска Планина.
Историја[уреди | уреди извор]
Подрачјето на Градиште е населено уште од бакарното време, за што сведочи наоѓалиштето Градишки В’р јужно од селото.
Во XIX век селото е дел од Кумановската каза во Отоманското Царство.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Градиште живееле 454 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Градиште во имало 600 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 192 жители, од кои 189 Македонци и 3 Срби.[3]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 454[1] | 600[2] | 562 | 565 | 565 | 524 | 323 | 246 | 213 | 192 |
Родови[уреди | уреди извор]
Градиште е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
- Староседелци: Алачковци (7 к.), Анчевци (4 к.), Ремчевци (1 к.), Виткарци (7 к.), Катранџинци (7 к.) и Чабуџици (6 к.)
- Доселеници: Думанци (6 к.) доселени се од селото Думановце; Карадаци (14 к.) доселени се од некое денес албанско село на Кумановска Црна Гора или Карадаг; Козарци (9 к.) доселени се од некое село кај Врање. Од таму се иселиле тројца браќа, едниот во Градиште, вториот во Кучкарево, а третиот во Мургаш. Го знаат следното родословие: Васо (жив на 68 г. во 1971 година) Спасо-Лазо-Ѓуро, се доселил он, или неговиот татко; Булуци (3 к.) и Ивковци (6 к.) доселени се, но не знаат од каде; Планинци (12 к.) доселени се од разни села во Кривопаланечко (Герман, Црцорија, Габер). Едни се доселени помеѓу двете светски војни, други после тоа.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Црква „Св. Ѓорѓи“, изградена во 186о-тите
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Градишки В’р — населба од бакарно време и утврдено градиште од доцноантичко време
- Лиска — населба од римско време
- Св. Ѓорѓи — црква од старохристијанско време
- Трнци — населба од римско време
- Ќерамидница — населба од средниот век
- Чукаре — некропола од римско време
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Поради тешките услови за живот македонското население од ова село почнало да се иселува. Иселеници има во Куманово, Скопје, Велес, Свети Николе, Белград и Војводина.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 215.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 126-127.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница „Св Кирил и Методиј“.