Пезово
Пезово — село во Општина Куманово, во пограничниот дел со кратовскиот и светиниколскиот крај.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наѓа во областа Овче Поле, во западното подножје на планината Манговица. Сместено е на гребен со правец североисток-југозапад и е од растурен тип. Се граничи со селото Кутлибег од запад страна, а на југоисток со селото К’шање.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Подрачјето на Пезово е населено уште од бронзеното време, за што сведочи наоѓалиштето Вукосија на 1 км јужно од селото.[3] Ова наоѓалиште датира од многу периоди и денес има остатоци од ѕидини. Друга тврдина имало на возвишението Градиште крај патот за Бељаквце.
Во минатото низ Пезово водел карвански пат за Солун. Црквата „Св. Петка“ е изградена во XVII век.[2]
На крајот на XIX век Пезово било македонско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Пезово имало 406 жители, сите Македонци христијани.[4][5]
Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Пезово имало 360 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[6] Во 1907 г. главниот учител во Куманово во својот извештај напишал дека селото има 78 чисто егзархиски куќи, а економската положба му е „донекаде завидна“.[7]
Во учебната 1907/08 година според Јован Јаџивасиљевиќ во селото работело егзархиско училиште.[8]
Во 1912 г. за време на Првата балканска војна во селото влегле српски единици и воспоставена е српска власт. Тогаш почнала интензивна пропаганда за посрбување на населението. На 27 март 1913 г. српскиот секретар на општината во Малино Данило Цекиќ испратил писмо до попот Никола Иванов во Куманово со образец за молба до српскиот митрополит Викентиј Скопски, во која селаните се изјаснуват како „Срби“:
Оче Никола, ти ќе го потпишеш ова писмо кое ти го испраќам, и по тебе ќе треба да го потпишат сопотските селани, како и твоите еноријаши: трстеничани, пезовци, станевчани, алканичани... За секое село треба по дваесет потписи... Внимавај да не ти избегаат тие што ќе потпишат.[9]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пезово живееле 406 жители, сите Македонци.[10] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Пезово имало 360 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 53 жители, сите Македонци.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 406 | 360 | 512 | 545 | 511 | 442 | 248 | 84 | 84 | 53 | 13 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Родови[уреди | уреди извор]
Пезово е македонско село.
Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:
- Староседелци: Алачковци (5 к.), Здравковци (5 к.), Алачковци (4 к.), Марковци (3 к) , Војинци (4 к.), Опачинци (3 к.), Ипевци (3 к.), Дулевци (3 к.), Шуманци (2 к.), Мицевци (2 к.), Кутлевци (6 к.), Смокарци (5 к.), Дамјановци (4 к.), Ѓуревци (4 к.), Коларовци (3 к.) и Шарковци (3 к.). Родовите Алачковци 1 и Алачковци 2 потекнуваат од ист предок.
- Доселеници: Тувекџини (1 к.) и Стојмен (1 к.) доселени се, но не знаат од каде.[16]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Црква „Св. Петка“ (XVIII век)
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
- Вукосија — населба од брозеното, раножелезното, хеленистичкото и доцноантичкото време
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Дедо Пешо Иванов (1843 – 1905) — долгогодишен кмет на Пезово и деец на ВМРО
- Илија Стефанов — револуционер на ВМРО, четник на Боби Стојчев[17]
- Крсте Денков — револуционер на ЦМРО, четник на Апостол Петков[18]
- Пешо Велков — револуционер на ВМРО, четник на Тодор Паница[19]
- Стојан Поп Манасиев — револуционер, деец на ВМРО[20]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „с. Пезово - црква Св. Петка“. Галерија на икони од Кумановскиот крај во црквата Св. Никола, Куманово. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 14 април 2014.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 219. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 215. ISBN 954430424X.
- ↑ 6,0 6,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126-127.
- ↑ Етнография на Македония. Извори и материали в два тома, т. 2, София 1992, с. 43.
- ↑ Хаџи-Васиљевић, Јован (1909). Јужна Стара Србија, историјска, етнографска и политичка истраживања, I. Београд: Издање Задужбине И. М. Коларца. стр. 520.
- ↑ Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 34.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 216.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: МАНУ.
- ↑ „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА - Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.42
- ↑ „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.30
- ↑ „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.3
- ↑ Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 101.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|