Алакинци
Алакинци (порано: Алакинце) — село во Општина Свети Николе, во околината на градот Свети Николе.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Кумановската каза во Отоманското Царство.
Во 2014 г. на селото му ве вратено неговото старо име Алакинци.[1]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Алакинци имало 155 жители, сите Македонци.[2]
Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Алакинци имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 5 жители, сите Македонци.[4]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 155[2] | 160[3] | 157 | 161 | 162 | 65 | 22 | 15 | 13 | 5 |
Родови[уреди | уреди извор]
Според истражуваањата вршени во периодот 1957/58 родови во селото се
- Македонски: Брдарци (5 к.) за нив никој не знае да се доселени однекаде, така да возможно е да се староседелци; Мишковци (7 к.), Караџовци (4 к.) и Длагачевци (2 к.) доселени се однекаде; Шарковци (1 к.) доселени се од Мустафино, и таму биле доселени однекаде; Голинци (2 к.) доселени се од селото Бајловце, Кумановско.
- Влашки: Караниковци (4 к.) доселени се во 1915 година како две куќи. Тогаш во Алакинци купиле земја, пред тоа живееле како сточари номади, летото го поминувале на планината Осогово. Брачните врски ги одржувале со влашките родови од околните села каде што имало Власи.
- Православни Роми: Спиро (1 к.) и Стојан (1 к.) доселени се од околината на Кратово. Првите од селото Трновац, а вторите од Куклица. Се женат само со припадници на својот народ, а по дома зборат на македонски.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Селото е опфатено во изборното место бр. 1691 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. на селото Малино.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 25 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
- Зелено Чукаре — населба од римско време
- Преко Дол — населба од римско време
- Св. Богородица — црква од средниот век
- Св. Илија — црква од средниот век
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Од Алакинци е иселен голем број од населението. Постари иселеници има во Малино (Левкови), Крушица (Коларовци).[5]
Други иселеници има во Куманово (околу 10 семејства), Свети Николе (5-6 семејства).[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Сл. Весник на Р. Македонија, бр.149 од 13.09.2014 година.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 215.
- ↑ 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126 – 127.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.