Манговица
Манговица | |
планина | |
Поглед на Манговица
| |
Регион | Балкан |
---|---|
Се граничи со | Македонија |
Највисока точка | Асаница |
- височина | 875 м |
Манговица — ниска и пространа планина во Источна Македонија, која се протега помеѓу Кумановската Котлина на север, Овче Поле на запад, долината на Брегалница на југ и долината на Злетовска Река со реката Белошница на исток.[1]
Највисок врв е Асаница на надморска височина од 875 метри.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Главното било има насока на протегање северсеверозапад-југјугоисток во должина од 22 километри и претежно е во височина од 600 до 700 метри, додека само на крајниот северозападен дел преминува 700 метри.[1]
Врвови
[уреди | уреди извор]Покрај највисокиот врв Асаница (875 м.), други позначајни врвови се Големо Брдо (776 м.), Струга (758 м.) и Челебиско Трло (731 м.).[1]
Геолошки состав
[уреди | уреди извор]Планината речиси целосно е оголена. Поради специфичниот геолошки состав претставен со вулканити (андезити, бречи, туфови) се јавуваат силни денудациски процеси. Во северозападниот дел се јавува и палеовулкански релјеф претставен со повеќе купи и разорени кратерски структури. Овој дел е и длабоко засечен со долината на Мавровица (или Орелска Река), а на неа и нејзините притоки има повеќе мали водопади.
Во областа, денудациските форми најмногу се застапени околу месноста (ридот) Гложје (655 м.), потоа кај врвовите Манговица (741 м.), Голем Осој (734 м.) и други. Некаде овие форми се јавуваат во поголеми групации, а често и како издвоени-поединечни форми.
Планината освен што е позната со своите специфични камени форми,[2] интересно е и самото корито на планината со повеќе мали водопади и природни базени под нив, од кои еден е длабок околу 2 метри. Всушност целиот овој простор кој е ретко посетуван, делува примамливо за авантуристите кои можат да уживаат во глетките кон некогашните вулкани, длабоката речиси кањонеста долина на Мавровица и на одредени места уникатниот растителен и животински свет.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на планината
-
Поглед на планината
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Група автори (2016). „Планини“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 122–123. ISBN 978-9989-110-90-0.
- ↑ Милевски, Ивица. „Интересни карпести форми на планината Манговица“. иГеографија. Посетено на 23 јануари 2012.