Вукосија (Пезово)
Вукосија — археолошко наоѓалиште во кумановското село Пезово. Претставува населба од бронзеното, раножелезното, хеленистичкото и доцноантичкото време.
Местоположба[уреди | уреди извор]
Се наоѓа на 1 км јужно од селото, на периферијата на Кумановско Поле, близу до седлото што го дели од Овче Поле, а на околу 2 км североисточно од современиот пат Куманово-Свети Николе (Р1204). Претставува импозантен конусен рид, со коси страни и зарамнет врв од кој се простира извонреден поглед кон околниот терен. Северозападно од него има помал рид (понизок за 45-50 м) со кој е поврзан преку издолжено седло.[1]
Опис и наоди[уреди | уреди извор]
На платото на Вукосија (наречено и Вуковија)[2], кое не се обработува, се забележуваат остатоци на темели од повеќе правоаголни простории, ѕидани од необработен камен, и фрагменти од градежна керамика. Најголем број површински наоди — фрагменти од праисториски керамички садови се забележуваат во подножјето на ридот и најверојатно биле свлечени со ерозијата. Според фактурата и орнаментиката, едни се од бронзеното, а други од раножелезното време. Интересно е тоа што се среќаваат и фрагменти од сива керамика работена на колце која е од типот на месната керамика од ранохеленистичкото време (V-IV век п.н.е.).[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 219. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Вуковија — GeoNames
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од бронзено време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од железно време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од хеленистичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Пезово
- Археолошки наоѓалишта во Општина Куманово
- Археолошки наоѓалишта во Кумановско