Габреш
Габреш — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во западното подножје на Градиштанска Планина, оддалечено 20 километри јужно од Куманово и 31 километар северно од Свети Николе.
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Габреш живееле 135 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Габреш имало 64 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според пописот од 2002 година селото имало 71 жител, од кои 70 Македонци и 1 Србин.[3]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 188[1] | 72[2] | 189 | 223 | 202 | 169 | 129 | 87 | 82 | 71 |
Родови[уреди | уреди извор]
Габреш е македонско село.
Според истражувањата на Јован Трифуноски во периодот од 1965 до 1972 година, родови во селото се:
Кереџовци (1 к.) први доселеници и основачи на селото. Нивните предци најпрво живееле во овчеполското село Мустафино. Меѓутоа таму ослабнале за работа, па бегот ги истерал. Прво се населиле во селото Скачковце, но и таму не ги бивало, па се решиле да се враќаат во селото Мустафино, на патот до Мустафино преноќиле на некое место близу Габреш, па утредента решиле да останат; Анѓеловци (3 к.) доселени се после првиот род, доселени се од Прилепско, го знаат следното родословие: Павле (93 г. крајот на 60-тите или почетокот на 70-тите) Стојилко-Миленко-Анѓеле, кој се доселил; Пеширци (16 к.) доселени се од овчеполското село Пеширово; Јанушевци (2 к.) доселени се од селото Колицко; Ѓаковци (4 к.) доселени се од селото Зубовце, го знаат следното родословие: Гиго (жив на 64 г. крајот на 60-тите или почетокот на 70-тите) Коле-Мишо, кој се доселил; Сандевци (1 к.) доселени се од селото Мургаш; Веле (1 к.) доселен како домазет, од селото Шашара кај Витина, овде влегол во родот Анѓеловци. Веле во Шашара бил католик.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Во периодот од турското владеење во селото Кучкарево се иселиле Нешковци. Чарапинови се иселиле во селото Коќура во Горна Пчиња (денес во Србија). Мишески се иселиле во селото Проевце. Од 1955 година од селото имало повеќе иселеници, од колку што има жители во селото. Иселеништвото водело во градовите Велес (околу 15 семејства), Куманово (10 семејства) и во Скопје (6 семејства).[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 216.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 126-127.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница „Св Кирил и Методиј“ Скопје.