Габрешки манастир
Влезната порта на манастирот | |
| Информации | |
|---|---|
| Целосно име | Габрешки манастир |
| Други имиња | Манастир „Св. Петка“ |
| Манастир на: | МПЦ - ОА |
| Основан | 24 октомври 2004 |
| Посветен на | Света Петка |
| Епархија | Кумановско-осоговска |
| Цркви | Црква „Св. Петка Долна“ Црква „Св. Петка Горна“ Црква „Св. Недела“ Црква „Покров на Пресвета Богородица“ |
| Личности | |
| Основач (и) | Стоја Велковска |
| Место | |
| Место | Габреш, Општина Куманово |
| Координати | 42°0′0″N 21°51′36″E / 42.00000°N 21.86000°E |
| Видливи остатоци | четири цркви, чешма, конаци, помошни објекти |
| Отворен за јавноста | да |
| Други информации | (Клечовска парохија) |
Габрешки манастир — манастир во северниот дел на Македонија, во селото Габреш.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Манастирот се наоѓа во јужниот дел на атарот на селото и до него се стигнува преку асфалтен пат.[1]
Градби
[уреди | уреди извор]Во склоп на манастирот влегуваат четири цркви, чешма, конаци, крстилница и помошни објекти.[2]
Црква „Св. Петка Долна“
[уреди | уреди извор]Црквата веројатно е изградена на местото на малата срушена селска црква, која била подигната по Првата светска војна.[1]
Црква „Св. Петка Горна“
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена на едно мало возвишение пред самиот манастир.
Црква „Св. Недела“
[уреди | уреди извор]Најновата црква во манастирскиот комплекс.
Црква „Покров на Пресвета Богородица“
[уреди | уреди извор]Црквата е сместена во манастирскиот двор, заедно со црквата „Св. Петка Долна“.
Конаци
[уреди | уреди извор]Манастирот поседува нови конаци.
Историја
[уреди | уреди извор]Според монографијата на манастирот, истиот постоел уште во XVI век.[3]
Изградбата на манастирот започнала на 24 октомври 2004 година од страна на Стоја Велковска, која добила благослов за изградбата на митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил.
Манастирот бил осветен на 24 април 2009 година од страна на тогашниот митрополит Полошко-кумановски г. Кирил.[4]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Манастирска чешма
- Манастирските конаци
- Бунар
- Манастирскиот двор (долу)
- Крстилницата
- Манастирскиот двор (горе)
- Манастирска чешма
- Поглед на трпезаријата
- Трпезаријата
- Еден од крстовите
- Крст посветен на Света Петка
- Фурна
- Крст посветен на Свети Петар и Павле
- Помошен објект
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: САНУ. стр. 156.
- ↑ Георгиевска, Елена (16 април 2023). „Манастирски комплекс го врати животот во Габреш“. Македонска телевизија. Посетено на 17 ноември 2023.
- ↑ „Промовирана книгата за манастирот Света Петка“. KumanovoNews. Посетено на 2023-11-17.
- ↑ „Осветување на црква на света Петка во Габреш (кумановско)“. www.mpc.org.mk. Посетено на 2023-11-17.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Габрешки манастир на Ризницата ?