Кирил Полошко-кумановски
Полошко-кумановска епархија Кирил | |
---|---|
Полошко-кумановски митрополит | |
Црква | МПЦ-ОА |
Епархија | Полошко-кумановска епархија |
Ракоположен | 1971 |
Службата завршила | јуни 2013 |
Претходник | нема |
Наследник | нема |
Лични податоци | |
Роден | 23 јуни 1934 Царев Двор, Ресенско, Македонија |
Починал | 10 јуни 2013 |
Почивалиште | Манастир Св. Ѓорѓи - Дељадровце |
Вероисповед | Православен христијанин |
Занимање | Митрополит на МПЦ-ОА |
Кирил Полошко-кумановски бил митрополит на Полошко-кумановската епархија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Митрополитот Кирил е роден на 23 јуни 1934 година во селото Царев Двор, Преспанско. Средно богословско училиште завршил во Призрен.
Во 1964 година Кирил се замонашил во манастирот свети Причеста во Кичево. Работел како службеник во архиепископијата и во 1965 година со благослов на тогашниот српски владика се запишал на студии на Московската духовна академија на Руската православна црква. Во Московската духовна академија во Загорск до 1967 година завршил прв степен на студиите[1]..
Со недовршен факултет, две години потоа, бил повикан во Македонија. На 5 јули 1967 година на редовната седница на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, одржана во Архиепископската резиденција во Криви Дол бил избран за викарен епископ на МПЦ со титула Тивериополски. Наречението било извршено на 11 јули 1967 година во соборниот храм „Свети Димитриј“ во Скопје а наредниот ден, Петровден, била извршена хиротонија во епископски чин[2].
Во 1969 година заминал за Канада, со седиште во Торонто со цел да ја организира прекуокеанската епархија. Со Австралиската епархија, која во 1974 година била одвоена од Американско-канадската активно раководел до 1982 година, а со Американско-канадската до 1987 година. Во периодот на раководењето со овие епархии, од 1971 до 1978 година администрирал и со Полошко-кумановската епархија. Во 1987 година бил назначен за Полошко-кумановски митрополит.
По упокојувањето на архиепископот Доситеј, од 22 мај до 19 август 1981 година, до изборот на новиот поглавар, ја извршувал должноста местобљустител на архиепископскиот престол.
Прогласен бил за почесен граѓанин во повеќе од 15 града во САД и во Канада и во неколку града во Австралија. Добитник бил на повеќе признанија, плакети, како и на Орден заслуги за народ. Митрополитот се упокоил во Скопје по кратко боледување и погребан е во Дељадровскиот манастир на 14 јуни 2013 година.[3]
Заедно со протоѓаконот Александар Цандовски и хорот при црквата Свети Димитрија, ја снимаат на носач на звук Златоустовата литургијата од Атанас Бадев.[4]
Зборуваше руски и англиски јазик.
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Почит кон Свети Кирил Солунски - Десетте поклоненија на Светикириловиот гроб во Рим (во соавторство со Методи Гогов (Архиепископ Михаил) и Олга Спиркоска) - Скопје,1979;
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ ТЕТОВСКО АРХИЈЕРЕЈСКО НАМЕСНИШТВО
- ↑ Митрополит Кирил - Верност и преданост на Македонската кауза
- ↑ „Владиката Кирил ќе биде погребан во петок во црквата Свети Ѓорѓија во Дељадровце“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2013-06-20.
- ↑ „Света божествена литургија од Свети Јован Златоуст“. 1979.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Кирил Полошко-кумановски“ на Ризницата ? Митрополити на Македонската православна црква — Охридска архиепископијаСегашни архијереи Стефан (Скопска епархија) • Петар (Преспанско-пелагониска епархија) • Тимотеј (Дебарско-кичевска епархија) • Наум (Струмичка епархија) • Агатангел (Повардарска епархија) • Јован (Крушевско-демирхисарска епархија) • Методиј (Американско-канадска епархија) • Пимен (Европска епархија) • Иларион (Брегалничка епархија) • Марко (Делчевско-каменичка епархија) • Јосиф (Тетовско-гостиварска епархија) • Григориј (Кумановско-осоговска епархија) • Јоаким (Дељадровско-илинденска епархија) • Климент • Давид • Јаков • Партениј • Никола • Свет синод (Австралиско-новозеландска епархија, Австралиско-сиднејска епархија)