Прејди на содржината

Григориј Кумановско-осоговски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кумановско-осоговска епархија

Григориј
На должноста
Стапил
2020
Претходник Јосиф
Лични податоци
Роден(а) 16 јануари 1978
Прилеп
Националност Македонец
Вероисповед Православен христијанин

Митрополит Григориј (Борче Настески), (Прилеп, 16 јануари 1978)[1]) — архијереј на Македонска православна црква - Охридска архиепископија, со титула митрополит Кумановско-осоговски.

Образование

[уреди | уреди извор]

Митрополитот Григориј е роден на 16 јануари 1978 година во Прилеп, од татко Љубомир и мајка Ристана[2].

Основно и средно училиште завршил во родниот град, со одличен успех. Во 1996 година се запишал индустриски менаџмент на Техничкиот факултет во Битола, каде што дипломирал во 2001 година[2].

Магистерски студии завршува на Економскиот институт при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје, во 2003 година, а докторирал на Институтот за социолошки и политичко‒правни истражувања во 2005 година[2]. На 14 јули 2006 година на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања ја одбранил докторската дисертација со наслов: „Влијанието на надворешната конкуренција врз стратегиите за диверзификација кај македонските банки“[3].

Во 2004 година запишува постдипломски студии на Богословскиот факултет при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Софија[2]. На 13.09.2012 година јеромонахот д-р Григориј Настески ја одбранил докторската дисертација со наслов: „Христолошките и сотириолошките аспекти на евхаристиската реинтеграција на личноста“ на Софискиот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Р. Бугарија[4].

Монашки живот

[уреди | уреди извор]

Метанија за искушеник полага во декември 2003 година, а во чин ипоѓакон е ракоположен во мај 2004 година[2].

Во 2005 година, замонашен е во Манастирот Св. Леонтиј во Водоча, во чинот мала схима, од страна на митрополитот Наум. Истата година е ракоположен во чин јероѓакон.

Во чин јеромонах е ракоположен на 10 февруари 2006 година, во Манастирот Свети Георгиј и Свети Антониј Велики во Ново Село ‒ Струмица, каде што живее како собрат.

Во август 2007 година, заминува во ставропигијалниот манастир Рождество на Пресвета Богородица во Калишта ‒ Струга.

Во јануари 2015 година добива канонски прием во Кумановско‒осоговската епархија и од страна на надлежниот митрополит Јосиф е поставен за архијерејски заменик.

На 7 август 2015 година, во Манастирот Св. Јоаким Осоговски, од страна на митрополитот Јосиф е произведен во чин игумен.

Во 2016 година, со одлука на САС на МПЦ-ОА е избран за архимандрит[2].

Архијереј

[уреди | уреди извор]

21 мај 2020 година на предлог на Митрополитот Кумановско-осоговски Јосиф е избран за епископ Сарандопорски, а на истата седница на САС на МПЦ-ОА е назначен за надлежен епархиски архијереј на Кумановско-осоговската епархија[2][5].

На 26 јули 2020 година во соборниот храм „Свети Никола Чудотворец“, во Куманово, од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со членовите на САС на МПЦ – ОА, е востоличен за митрополит на Кумановско-осоговската епархија[6].

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Благобитие (2017)
  • Автокефалноста на МПЦ‒ОА (интракохезијални предразговори за долгорочноста на nominatio auctoris на правниот сукцесор на Охридската архиепископија ‒ македонската православна црква) - во соавторство со митрополитот Јосиф (2018)