Дељадровски манастир

Координати: 42°1′28″N 21°40′36″E / 42.02444° СГШ; 21.67667° ИГД / 42.02444; 21.67667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дељадровски манастир
Информации
Манастир на:МПЦ - ОА
ОснованXX век
ЕпархијаДељадровско-илинденска
Цркви„Св. Ѓорѓи“ и
„Рождество на Пресвета Богородица“
„Св. Архангели Михаил и Гаврил“
„Св. Петка и Св. Недела“
„Св. Злата Мегленска“
Личности
Важни личностиИгуменија Зиновија
Место
МестоДељадровци, Општина Илинден, Македонија Македонија
Координати42°1′28″N 21°40′36″E / 42.02444° СГШ; 21.67667° ИГД / 42.02444; 21.67667
Видливи остатоци5 цркви, конак, гробови, помошни објекти
Отворен за јавностада

Дељадровски манастир „Свети Ѓорѓи“ — манастирски комплекс недалеку од скопското село Дељадровци, веднаш покрај автопатот Скопје - Куманово спроти рафиниеријата „Окта“. На 6 мај 2008 г. целиот комплекс е целосно преосветен од страна на тогашниот митрополит Полошко-кумановски г. Кирил.[1], кој исто така почива во овој комплекс. Денес манастирскиот комплекс претставува прекрасно уредено место со можности за комплетен престој во кој се нуди преноќиште и традиционални јадења. Во 2023 г. манастирот станал седиште на нововодедената Дељадровско-илинденска епархија на МПЦ - ОА.[2]

Цркви[уреди | уреди извор]

Во манастирскиот комплекс постојат 5 цркви:

Св. Ѓорѓи[уреди | уреди извор]

Црквата Свети Ѓорѓи е главната манастирска црква. Изградена е во 1921 година, а осветена во 1934 година.

Раѓање на Пресвета Богородица[уреди | уреди извор]

Црквата посветена на Рождението Богородично е мала градба со исцелителен крст. Поради верувањето за исцелителноста ова црквиче е доста посетено.

Св. Архангели Михаил и Гаврил[уреди | уреди извор]

Црквичката посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил е понова градба. На тоа место во минатото имало само крст како закрилник на селото. Ктитор на ова црквиче е Игуменијата Зиновија од манастирот.

Св. Петка и Св. Недела[уреди | уреди извор]

Црквата посветена на светителките Петка Трновска и Света Недела е исто така една од поновите црквички во манастирот. На ова место претходно имало крст.

Св. Злата Мегленска[уреди | уреди извор]

Црквата посветена на македонската светителка е најновата црква во манастирскиот комплекс. Била осветена на 29 јули 2012 година од поглаварот на МПЦ - ОА г.г. Стефан и митрополитот полошко-кумановски г. Кирил.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Реосветување на целосно возобновениот манастир „Св. Вмч. Ѓорѓи“
  2. САС на МПЦ (20. јуни 2023). „Соопштение (20.06.2023 14:38)“. mpc.org.mk. МПЦ. Посетено на 20 јуни 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. Г.г. Стефан ќе ја освети новата црква „Св. Злата Мегленска“ во Дељадровце