Дељадровци
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Дељадровци — село во Општина Илинден, во околината на градот Скопје.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Историja[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 532 жители. Следува табела на националната структура на населението[1]
Националност | Вкупно |
Македонци | 520 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 12 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
Родови[уреди | уреди извор]
Дељадровци е мешано православно село.
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се. Со доселеници од разни страни.
- Доселеници од разни места во Македонија: Јовчевци (5 к.) најстар селски род. Доселени се пред околу 180 до 190 години од селото Стањевци во Овче Поле; Марковци (2 к.), Сташовци (5 к.) и Мартиновци (3 к.) доселени се од некое сега албанско село во Кумановска Црна Гора. Во родот Марковци го знаат следното родословие: Величко (жив на 80 г. во 1953 година) Коле-Марко, основачот на родот кој се доселил; Мицевци (2 к.) и Витановци (1 к.) доселени се од селото Сарамзалино во Овче Поле; Колевци (1 к.) доселени се од селото Ранковце во кривопаланечко; Јачменовци или Трајановци (1 к.) доселени се од селото Бајловце; Денковци (1 к.) и Милевци (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Кокино; Кочка (1 к.) доселени се од селото Герман; Кирјановци (1 к.) доселени се од селото Радибуш во кривопаланечко; Стојчевци (1 к.) доселени се од селото Милутинце во кривопаланечко; Димитријевци (1 к.) доселени се од селото Трново во кривопаланечко; Крстевци (1 к.) доселени се од селото Нерав во кривопаланечко.
- Доселеници од Србија: Стојчевци (1 к.) доселени се од селото Шумата Трница во Горна Пчиња; Шкембаровци (2 к.) доселени се од селото Трнава кај Прешево. Денес тоа село е албанско, овде живеат од турско време; Милојковци (1 к.) доселени се во 1935 година од Књажевац; Милојевци (1 к.) доселени се од околината на Крушевац.
- Доселеници од разни страни: Бачевци (2 к.) доселени се во турско време од некое место во Грција; Мишевци (7 к.) ги викаат и Албанци. Доселени се однекаде од Албанија. Имаат роднини во селото Орах.[2]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[3]
- „Св. Ѓорѓи“ - главната манастирска црква на Дељадровскиот манастир;
- „Рождество на Пресвета Богородица“ — црква во Дељадровскиот манастир;
- „Св. Архангели Михаил и Гаврил“ — црква во Дељадровскиот манастир;
- „Св. Петка и Св. Недела“ — црква во Дељадровскиот манастир;
- „Св. Злата Мегленска“ — црква во Дељадровскиот манастир;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|