Јаков Стобиски
| Епископ Стобиски и викарен епископ на Митрополитот струмички | |
|---|---|
| На должноста 25 ноември 2018 – во служба | |
| Претходник | нема |
| Наследник | нема |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | Мирослав Милчевски 23 ноември 1983 Куманово, СР Македонија, СФРЈ |
| Националност | Македонец |
| Народност | Македонец |
| Професија | Епископ на МПЦ-ОА |
| Вероисповед | Православен христијанин |
Јаков Стобиски (световно име Мирослав (Мики) Милчевски, роден во Куманово на 23 ноември 1983 ) — македонско свештено лице и викарен епископ на Митрополитот струмички Наум, со титула Полјански, и подоцна, со титула Стобиски.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Јаков е роден на 23 ноември 1983 година во Куманово. Во 2004 година дошол во Струмица како искушеник. Замонашен во 2005 година од страна на Митрополитот Струмички Наум во манастирот во Водоча[2].
Од 2010 година, тој станал старешина на манастирското братство во манастирот „Свети Антониј и свети великомаченик Георгиј“, во струмичко Ново Село[2].
Во 2017 година е произведен за архимандрит во храмот „Свети Григориј Палама и свети Димитриј Солунски“, Струмица.[2]
Дипломирал на Богословскиот факултет во Скопје во 2018 година.[3]
Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА одлуката за хиротонија ја донел на 29 септември 2018 година. За епископ Полјански, тој бил хиротонисан на 25 ноември 2018 година, на денот на соборот на епископите, во Водочкиот манастир. Со тој чин Јаков станал 13 владика на МПЦ-ОА.[4]
Подоцна, во 2019 година, титулата му е сменета во Стобиски.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „МПЦ денес“. mpc.org.mk. 2022-05-15.
- 1 2 3 „Наречение на новоизбраниот Епископ Полјански Јаков“. www.mpc.org.mk. 2018-11-24.
- ↑ Архимандрит Јаков Милчевски, Христологијата кај апостол Павле, 29.06.2018[мртва врска]
- ↑ Нов Владика на МПЦ-ОА е Епископот Полјански Јаков
- ↑ „Јаков Стобиски ќе биде првиот македонски Владика кој ќе патува по Благодетниот оган во Ерусалим“. religija.mk. 2019-04-27.
| |||||||||||||

