Европска епархија
Европска епархија — епархија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, која ја покрива територијата на Европа.
Историја[уреди | уреди извор]
Европската епархија на МПЦ-ОА е формирана на 4 декември 1994 година и за прв надлежен архиереј е поставен митрополитот Горазд. Од 2006 година како надлежен архиереј за оваа епархија е поставен владиката Пимен. Епархијата има вкупно 35 црковни општини, од кои 13 се во Германија. Во рамките на епархијата се изградени три нови цркви, од кои две се осветени (во Тринген, Швајцарија и во Малме, Шведска), како и еден параклис во Берлин. Исто така, во рамки на епархијата се наоѓаат и црквите „Св. Никола“ во Мајнц и „Св. Богородица“ во Зиндфелинген, Германија.[1] На 26 октомври 2014 година, во Загреб, биле удрени темелите на црквата „Св. Злата Мегленска“ како прва македонска црква во Хрватска.[2]
Архерејски намесништва[уреди | уреди извор]
Епархијата е поделена на четири архијерејски намесништва, и тоа:
- Северноевропско архијерејско намесништво
- Средноевропско архијерејско намесништво
- Јужноевропско архијерејско намесништво
- Западноевропско архијерејско намесништво
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|
![]() |
Оваа статија за е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |