Порфириј (српски патријарх)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Патријарх Порфириј
Архиепископ пеќски, Митрополит белградско-карловачки и Патријарх српски г.г. Порфириј
Patr.Porfirije.jpg
ЦркваСрпска православна црква
СедиштеБелград
Ракоположен18 февруари 2021
ПретходникПатријарх Иринеј
Лични податоци
Световно имеПрвослав Периќ
Роден22 јули 1961(1961-07-22)
Бечеј, Србија

Патријарх Порфириј, роден како Првослав Периќ, е патријарх на Српската православна црква, ракоположен на 18 февруари 2021 година.

Роден е на 22 јули 1961 година во Бечеј, Србија. Пораснал во селото Чуруг, општина Жабаљ, каде што завршил основно училиште, а гимназија во Нови Сад. Во 1986 година завршил Православен богословски факултет во Белград, а една година претходно, во 1985, бил замонашен во манастирот во Дечани на Косово. По завршувањето на факултетот заминал на постдипломски студии во Атина каде што останал до 1990 година. На 14 мај 1999 бил избран за викарен епископ егерски. Во 2004 година на Богословскиот факултет при Националниот и Каподистриски универзитет во Атина одбранил докторска дисертација. На 24 мај 2014 бил избран за митрополит загрепско-љубљански.[1]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Лице в Лице — Библиско-пастирски размисли за Бог, човекот и светот (Лицем к Лицу — Библијско-пастирска промишљања о Богу, човеку и свету), Белград—Загреб, 2015.[1]
  • Премудрост во Тајната скриена — Ставови од Теологијата на апостол Павле (Премудрост у Тајни сакривена — Огледи из Теологије апостола Павла), Белград, 2020.[1]

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

  •  Шведска: Орден на Свети Игнатиј, доделен од Фондацијата на Свети Игнатиј, 2016 година[2][3][4]
  •  Хрватска: Признание за унапредување на дијалогот меѓу религиите и општествата, доделено од Здружението за верски слободи во Република Хрватска, 2019 година[5]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Животопис на Архиепископот пеќски, Митрополит белградско-карловачки и Патријарх српски г.г. Порфириј (Периќ) Архивирано на 18 февруари 2021 г. (српски)
  2. „The Order of Sankt Ignatios“. sanktignatios.org. Архивирано од изворникот 27 October 2020. Посетено на 2 March 2021. (англиски)
  3. „Metropolit Porfirije fick utmärkelse i Södertälje“. lt.se. Архивирано од изворникот 9 August 2020. Посетено на 2 March 2021. (шведски)
  4. „Високо одликовање митрополиту Порфирију, Српска Православна Црква [Официјална страница]“. spc.rs (српски). Архивирано од изворникот 2 July 2017. Посетено на 18 February 2021. (српски)
  5. "Isus – prognanik i putnik" – 25. godišnjica osnutka Udruge za“. vaticannews.va. Посетено на 22 February 2021. (хрватски)