Пимен Европски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Macedonian cross.svg
Пимен
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png


Европски
Otec Pimen.jpg
Европски митрополит
На должноста
2006 – во служба
Претходник Горазд
Наследник нема
Лични податоци
Роден(а) 3 октомври 1971
како Сотир Илиевски
Ресен
Националност Македонец
Професија Митрополит на МПЦ-ОА
Вероисповед Православен христијанин

Пимен (Ресен, 3 октомври 1971), роден како Сотир Илиевски — владика на МПЦ - ОА, митрополит на европската епархија[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Пимен е роден во Ресен во 1971 година. Уште како студент на Теолошкиот факултет, кај него се родила желбата да отиде во манастир, па по завршување на трета година факултет, заминал во Водочкиот манастир во Струмица во 1997 година, каде и го добил монашкиот потстриг. Набрзо потоа, станал игумен на истиот манастир, период кога и вонредно го завршил Теолошкиот факултет. На предлог на Синодот на МПЦ, како Архимандрит, заминал во Париз во 2004 година, на постдипломски студии на „Св. Сергеј“ факултетот, каде и ја обавува парохиската служба во тамошната црковна општина. За време на студиите, г. Пимен е хиротонисан, заедно со Методиј и Климент, при што станува викарен епископ Пољански и како таков е ракоположен на соборот на сите Македонски светии во октомври 2005 година во „Св. Софија“ во Охрид. Најпосле на 6 април 2006 е поставен за митрополит Европски, при што го сели седиштето на епархијата во Малме, Шведска[2].

Како митрополит, по барање на некои дневни весници и интернет портали пишува и колумни секогаш со теолошка содржина и смисла. Како плод на ова творење 2011 година ја издаде и збирката колумни со еклезијастички дух „Што напишав напишав“ (Quod scripsi scripsi).[3]

Од осветувањето на иконостасот во Неиве

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Заревска, Радмила. „На МПЦ-ОА и треба добар маркетинг“, Нова Македонија, среда 5.1.2011 (конс. 5 јануари 2011 г). (на македонски)
  2. „ВИКАРЕН ЕПИСКОП ПОЛЈАНСКИ Г. ПИМЕН / INTERVIEW“ (на македонски). МПЦ - ОА. 3 мај 2005. http://www.mpc.org.mk/mpc/se/vest.asp?id=754. конс. 5 јануари 2011 г. 
  3. http://mpc.org.mk/vest.asp?id=4745

Надворешни врски[уреди | уреди извор]