Климент Хераклејски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Macedonian cross.svg
Климент Хераклејски
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Викарен епископ
ЦркваМПЦ-ОА
ЕпархијаПреспанско-пелагониска епархија
Ракоположен12 јули 2005
Службата завршилаво служба
Лични податоци
Роден20 февруари 1972
Скопје, Македонија
ВероисповедПравославие
ЗанимањеВикарен епископ на МПЦ-ОА

Епископ Климент (световно име Горан Божиновски), (Скопје, 20 февруари 1972) — епископ на Македонската православна црква, епископ Хераклејски, викарен епископ на Преспанско-пелагониската епархија[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

По завршувањето на средното економско училиште се запишува на студии по книжевност на скопскиот универзитет, и како вонреден студент на Теолошкиот факултет на кој и дипломира. На Света Гора заминува во 1993 година во Григоријатскиот манастир, каде што е замонашен со име Климент.

Две години подоцна, со благослов на митрополитот Петар се враќа во Македонија, вклучувајќи се во процесот на возобновување на монаштвото во македонските манастири. Првите пет години ги поминува во манастирот во Водоча крај Струмица.

Свештеноѓакон станува во Романија во 1995 година, во резиденцијалниот манастир на романскиот епископ Калиник, докажан пријател на Македонската православна црква.

За свештеномонах е ракоположен од митрополитот Петар во 1996 година, а од митрополитот Наум е произведен во игумен и архимандрит истата година. Духовен отец е на братството на манастирот на Светото Преображение во Зрзе од 1997 година, на сестринството од манастирот на Светиот Архангел Михаил во Варош, а од мај 2004 година, е в.д. старешина на манастирот на Пресвета Богородица - Трескавец.

Во 2005 година се запишал на постдипломски студии на Филозофскиот факултет во Скопје, на Катедрата за класични студии[2].

На 11 јули 2005 година во соборниот храм на Преспанско-пелагониска епархија „Свети Димитриј“ во Битола се одржало наречение со кое се објавила хиротонијата на идниот викарен Епископ Хераклејски, г. Климент[3].

На 12 јули 2005 година во Црквата „Св. Димитриј“ - Битола е хиротонисан за викарен епископ на Преспанско-пелагониската епархија односно на Митрополитот Петар Преспанско-пелагониски [4].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Историски осврт на семрежното место на Преспанско-пелагониската епархија
  2. http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2809&stID=58841
  3. Наречение на новоизбраниот викарен Епископ Хераклејски на семрежното место на МПЦ
  4. Нова хиротонија за епископ на семрежното место на МПЦ