Зрзевски манастир

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Зрзески манастир)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свето Преображение
Zrze Monastery.jpg

'

Македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Местоположба
Населено место Зрзе
Општи информации
Архитектонски опис
Портал

„Свето Преображение“манастир во селото Зрзе, на 34 километри северозападно од Прилеп, на 1.000 метри надморска височина, во подножјето на планинскиот масив Даутица. До манастирот се пристигнува по асфалтен пат што поминува низ прилепските села Ропотово, Пешталево, Костинци и Зрзе.[1]

Историја на Манастирот[уреди | уреди извор]

Поглед на манастирот од сртот на планината Даутица
Поглед на влезот на манастирот

На локалитетот на којшто се наоѓа средновековниот манастир Свето Преображение - Зрзе, археолошките научни истражувања ги регистрираа следниве културни слоеви потврдени преку артефактите од повеќе периоди.

Енеолит/Бронзено доба[уреди | уреди извор]

  • пештера во карпа, под подот на средновековната пештерна црква со наоди од фрагментирани керамички садови, калцифицирани врз површините од карпата.
  • единечни наоди од садова керамика, откриени при нестручни ископувања или како површински наоди.

Рана антика[уреди | уреди извор]

  • остатоци од објекти во западниот дел од манастирскиот двор.
  • единечни наоди од садова керамика, откриени при нестручни ископувања или како површински наоди.

Доцна антика[уреди | уреди извор]

  • доцноантичка населба
  1. акропола распространета на горното плато од бигорната карпа - фортификација: бедеми, кули и сл.
  2. необѕидано подградие со објекти распространети врз јужните и источните падини од возвишението.
  3. ранохристијанска базилика 5-6 век, лоцирана на платото, 100 метри северно од манастирот.[2]

Среден век[уреди | уреди извор]

  • голем број наоди од фрагменти на садова керамика со типични полносредновековни карактеристики, откривани на просторот од монашкиот комплекс ( 9-10 век).
  • крст енколпион, датиран (9-10 век), откриен при пораните конзерваторски зафати на манастирската црква.
  • монашки комплекс од 12 век, распространет врз јужната, источната и северната страна од бигорната карпа на пет нивоа:
  1. пештерна црква;
  2. единаесет целини во чии рамки се идентификувани околу 30 објекти: испосници, јами, работилници, тихувалишта и сл.
  • делови од доцноантичката фортификација и изградба на објекти на горното плато од бигорната карпа во 12 век.
  • монашки комплекс 14 век, распространет врз јужната, источната и северната страна одбигорната карпа на пет нивоа:
  1. пештерна црква и нејзино делумно фрескоживописување - откриени голем број на фрагменти од фрески околу црквата;
  2. 30 објекти: испосници, јами, работилници, тихувалишта и сл.

Од крајот на 14 до 16 век[уреди | уреди извор]

  • изградба на еднокорабна црква, најверојатно засводена, изградена во време на цар Душан (1346-1355), со средства на ктиторот монах Герман.
  • западна припрата доѕидана кон Германовата црква, живописана 1368/1369 г. од зограф Драгослав, ктитори биле Хајковите синови Прибил и Приезд.
  • мала пештерна црква, живописана 1368/1369 г. од зографите Драгослав и Доброслав.
  • црква Свети Никола во селото Зрзе, метох на манастирот, фреско-икона живописана 1368/1369 г. од зографот Драгослав.
  • дејноста на зографите Митрополит Јован (иконата на зрзескиот Христос Спасител и Жизнодавец 1394 г.) и јеромонах Макариј (чудотворната икона на Богородица Пелагонитиса 1422 г.) од крајот на 14 и првите децении на 15 век.
  • дејноста на зографот Онуфриј во првата половина на 16 век во Зрзе - манастирската црква Свето Преображение и манастирскиот метох Свети Никола.
  • дејноста на јеромонах Прохор во 16 век во Зрзе, припадник на прилепско-слепчанската резбарска школа.

Во манастирската црква се одликуваат иконите на Христос Спасител и Жизнодавец, дело на зографот митрополит Јован, како и иконата на Богородица Пелагонитиса, дело на јеромонахот Макариј. Овие две икони се поставени обратно од она што го налагаат православните канони, т.е. иконата на Христос се наоѓа лево од иконостасот, а иконата на Богородица десно. За тоа постои интересна легенда, која вели дека монасите ги поставиле иконите според каноните, но во текот на три ноќи тие ја менувале положбата. Кога монасите ја прашале Богородица, зошто се случува тоа, таа им одговорила дека не сака да му го врти грбот на Христос, по што монасите ги оставиле иконите во таа положба.[3]

Од 17 до 18 век[уреди | уреди извор]

  • доградба на јужниот и северниот сегмент од црквата и отворен трем во крајот 16 на и првите децении на 17 век, до 1625 г.
  • живописување на делови од тремот во 1625 г., ктитор поп Димитар од село Барбарас.
  • уништување на манастирската тврдина од страна на турската војска во потрага по Арнаутот Матлија во 1791 г.

Од 19 до 20 век[уреди | уреди извор]

  • делумна реконструкција на комплексот од пештерна црква.
  • обнова на манастирот во 1810 г.
  • ктитори од Прилеп во 1811 г.

Манастирскиот комплекс во минатото заземал многу поголема површина отколку денес (7000 м²). Иако досега се мислеше дека манастирот е од 14 век, благодарение на резултатите од најновите археолошки истражувања од 2008 година, се утврди дека почетокот на зрзеското монаштво датира од 9 век. Од тој период е и монашката населба на испоснички ќелии издлабени во вертикалниот засек на бигорната карпа, на северната, источната и јужната граница на манастирскиот комплекс.

Денес[уреди | уреди извор]

Денес манастирот Свето Преображение - Зрзе е епископско седиште на секретарот на САС на МПЦ, Климент Хераклејски. Во февруари 2015 година била завршена реконструкцијата на манастирскиот комплекс, финансирана од Министерството за култура. Притоа, обновен бил манастирскиот конак, а исто така биле извршени зафати и на магерницата, кулата до влезната порта, и североисточниот бедем, а била изведена и Горна порта. Претходно, на локацијата биле спроведени археолошки истражувања, кои резултирале со пронаоѓање на монашка населба од втората половина на 9 век во бигорната карпа и ранохристијанска базилика од 5 век. Паралелно со реконструкцијата на манастирскиот комплекс, Јавното претпријатие за државни патишта го изградил локалниот пат што води до манастирот.[4] [5]

Цркви[уреди | уреди извор]

Манастирскиот комплекс е составен од четири именувани цркви и неколку пештерни кои немаат име, и тоа:

Галерија на слики[уреди | уреди извор]

Поглед кон манастирскиот комплекс[уреди | уреди извор]

Поглед внатре во манастирскиот комплекс[уреди | уреди извор]

Фрескоживопис и иконостас[уреди | уреди извор]

Артефакти[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Александар Матески, „Зрзе“, Економија и бизнис, година 19, број 226, април 2017, стр. 106-107.
  2. Александар Матески, „Зрзе“, Економија и бизнис, година 19, број 226, април 2017, стр. 106-107.
  3. Александар Матески, „Зрзе“, Економија и бизнис, година 19, број 226, април 2017, стр. 106-107.
  4. „Реконструиран манастирот „Св. Преображение“ во Зрзе“, Утрински весник, година XVI, број 4723, понеделник, 2 март 2015, стр. 16.
  5. „Реконструиран манастирскиот комплекс „Св. Преображение“ во Зрзе“, Дневник, година XIX, број 5704, сабота, 28 февруари 2015, стр. 8-9.
  6. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]