Делчевско-каменичка епархија
Изглед
| |
Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево | |
Основач | МПЦ |
Независност | |
Признавање | православие |
Поглавар | Марко |
Седиште | Делчево |
Територија | Делчево, Македонска Каменица |
Власт | |
Јазик | македонски, старословенски |
Верници | |
Портал |
Делчевско-каменичката епархија — една од 15-те епархии на Македонската православна црква. Формирана е со одлука на синодот во 2023 година и за нејзино седиште е избран градот Делчево, како дел од процесот за интеграција на Православната Охридска Архиепископија. За архијереј е избран епископот Марко Делчевско-каменички,[1] поранешен епископ на ПОА. Ова архијерејско намесништво ги опфаќа градовите Делчево и Македонска Каменица, заедно со селата во Пијанец.
До 2023 година епархијата била дел од Брегалничката епархија како архијерејско намесништво.
Парохии
[уреди | уреди извор]Намесништвото е поделено на неколку парохии:
- Прва делчевска парохија - сместена во црквата „Св. Богородица“ во Делчево;
- Втора делчевска парохија - со манастирите: „Источен петок-Балаклија“ и „Св. Кирил и Методиј“ во Делчево;
- Ѕвегорска парохија -парохија со седиште во црквата „Св. Јован Крстител“ во село Ѕвегор. Други позначајни храмови во парохијата се: црквата „Св. Димитриј“ во село Габрово, манастирот „Св. Петка“ во село Селник, црквата „Св. Архангел Михаил“ во село Драмче, црквата „Св. Ѓорѓи“[2] во село Град и други.
- Прва каменичка парохија - сместена во црквата „Св. Илија“ во Македонска Каменица. Парохоски свештеник е Димитар Темелков (сос. 2016);
- Втора каменичка парохија - сместена во црквата „Св. Илија“ во Македонска Каменица. Парохоски свештеник е Ванчо Џаџовски (сос. 2016);
- Трета каменичка парохија - сместена во црквата „Св. Илија“ во Македонска Каменица. Парохоски свештеник е Николчо Воиноски (сос. 2016);
Наводи
[уреди | уреди извор]
|