Прејди на содржината

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Делчево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Успение на Пресвета Богородица

Поглед на црквата и камбанаријата

македонска православна црква
ЕпархијаБрегалничка
Архијерејско намесништвоДелчевско
ПарохијаПрва делчевска
Местоположба

Карта

Координати41°57′45″N 22°46′22″E / 41.96250°N 22.77278°E / 41.96250; 22.77278
МестоДелчево
ОпштинаДелчево
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителБогородица Марија
ИзградбаXIX век
Архитектонски опис
Архит. типтрикорабна базилика
Стилпреродбенички

Успение на Пресвета Богородица (или само Св. Богородица) — православна црква во градот Делчево, претставник на Македонската преродба. Претставува главен храм на Делчевското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е изградена во средината на XIX век. Точни податоци нема, но годината 1858 врежана на надворешниот столб се зема како година на изградба. Во својот труд „Пијанечка Република“, Благој Стоичовски вели дека изградбата завршила во 1856 г.[1][2]

Храмот е трикорабна базилика, без фрескоживопис.[2] Иконите се дело на истакнатите зографи Димитар Андонов Папрадишки, Григориј Пецанов и други автори.[3] Иконата „Успение на Пресвета Богородица“ е дело на мајсторот Димитар Анастасов од Магарево, датирана во 1858 г.[4] Негови се и голем дел од иконостасните икони. Иако облиците се прекумерно стилизирани, тие се претставени со високо уметничко чувство, благодарејќи на умешноста на творецот.[5] Иконостасот направен од дрво. Во 1904 г. северниот ѕид на црквата е срушен во земјотрес. Подоцна црквата е обновена.

Прво училиште во Делчево

[уреди | уреди извор]

Во црковниот двор е зачувана зградата во која е отворено првото училиште во Делчево (тогаш Царево Село).[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Пијанец-Малеш, изобилство од сонце и насмевки. Штип: Центар за развој на Источен планински регион. 2011. стр. 25. ISBN 978-608-65253-0-9. Посетено на 30 март 2015.[мртва врска]
  2. 1 2 3 „Успение на Пресвета Богородица“. Убавините на Делчево. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 31 март 2014.
  3. „Делчевско архиерејско намесништво“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 31 март 2014.
  4. Грчкиот натпис гласи: „Δία χειρος Δημητιριου Ζωγραφου εν Μεγαροβο τω Βιτωλιων 1858 Ζεμώτκω 20“.
  5. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 277.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]