Тетовско-гостиварска епархија
Изглед
| Тетовско-гостиварска епархија | |
|---|---|
Епархоското седиште - тетовскиот соборен храм „Св. Кирил и Методиј“ | |
| Јазик | македонски, старословенски |
| Седиште | Тетово |
| Територија | Полог (Тетово, Гостивар, Мавровско) |
| Основач | МПЦ - ОА |
| Признавање | православие |
| Мрежно место | tge.mk |
Тетовско-гостиварска епархија или Полошка епархија — една од 15-те епархии на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија. Епархијата е создадена со одлука на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА на 17 септември 2013 година, како една од наследничките на Полошко-кумановската епархија. Епархијата ја возглавува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Јосиф. Оваа епархија се протега на територијата на градовите: Тетово и Гостивар, како и Мавровско-реканскиот крај.
Митрополити
[уреди | уреди извор]| Име | Години на управување |
|---|---|
| Митрополит Тетовско-гостивараски г. Јосиф | 3 ноември 2013[1] - денес |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пополнети новоформираните епархии во Тетово и во Куманово“. Архивирано од изворникот на 2013-09-21. Посетено на 2014-03-03.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||||||