Јосиф Полошки
Тетовско-гостиварска епархија | |
|---|---|
| г. Јосиф во 2012 година | |
| Митрополит Тетовско-гостиварски | |
| На должноста 3 ноември 2013 – во служба | |
| Претходник | Кирил |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 21 јануари 1982 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
| Националност | Македонец |
| Народност | Македонец |
| Професија | Митрополит на МПЦ-ОА |
| Вероисповед | Православен христијанин |
Митрополитот г. Јосиф (роден во Скопје на 21 јануари 1982) — македонско свештено лице и митрополит на Тетовско-гостиварската епархија која ги опфаќа Тетовско и Гостиварско.
Животопис
[уреди | уреди извор]Митрополитот Јосиф е роден на 21 јануари 1982 година во Скопје. По завршувањето на основното образование, во 1997 година, се запишал во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски” во Скопје, која ја завршил во 2002 година. Веднаш потоа го започнал монашкиот подвиг во братството на Бигорскиот манастир, а воедно, како вонреден студент се запишал на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде дипломирал во 2010 година, со одбрана на дипломскиот труд: „Богородица – почеток на Новиот завет“.
Замонашен е на 10 септември 2003 година, од страна на неговиот надлежен архијереј, митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј. Следната 2004 година, тој бил ракоположен во ѓаконски чин. За еромонах бил ракоположен на денот на манастирската слава на Бигорската обител, на 7 јули 2006 година.
На 28 јуни 2012 година, тој бил избран за Епископ Велички и бил поставен за викар на Скопската епархија, со која раководел Архиепископот охридски и македонски, господин господин Стефан.
По смртта на митрополитот Полошко-кумановски Кирил и делењето на епархијата на две, на 17 септември 2013 година[1], Епископот Велички Јосиф бил поставен за прв митрополит на новоформираната Тетовско-гостиварска[2], односно бил хиротонисан на 3 ноември 2013 година во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Соопштение од Светиот Aрхиерејски Синод на Македонската православна црква (17.09.2013 19:53)
- ↑ На два дела поделена Полошко-кумановската епархија[мртва врска]
- ↑ „Пополнети новоформираните епархии во Тетово и во Куманово“. Архивирано од изворникот на 2013-09-21. Посетено на 2013-09-17.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| |||||||||||||

