Прејди на содржината

Петар Преспанско-пелагониски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Преспанско-пелагониска епархија

Петар
Преспанско-пелагониски митрополит и администратор на Австралиско-новозеландска епархија
ЦркваМПЦ-ОА
ЕпархијаПреспанско-пелагониска епархија
Ракоположен14 јуни 1981
Службата завршилаво служба
ПретходникКлимент
Наследникво служба
Лични податоци
Роден29 мај 1946
Богомила, Велешко, Македонија
ВероисповедПравославен христијанин
ЗанимањеМитрополит на МПЦ-ОА

Митрополит Петар, или целосна титула Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар — митрополит на Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ и администратор на Австралиско-новозеландска епархија.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Митрополитот Петар е роден во селото Богомила на 29 мај 1946 година. Неговото семејство било занаетчиско-земјоделско. Основното образование го завршил во родното место, а потоа се запишал на Богословија во 1966 година во Призрен. Во 1970 година завршил на Богословскиот факултет во Белград. Веднаш по дипломирањето, митрополитот бил поставен за професор на Mакедонската православна богословиjа „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Во периодот 1972-1976 бил секретар на Полошко-кумановската епархија, а потоа бил назначен за парохиски свештеник во соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“ во Скопје. До 1979 година бил и професор во Скопје. Во 1982 година завршувил постдипломски студии и магистрирал на Грегориjанскиот универзитет во Рим на тема „Теологиjата на Свети Климент Охридски во неговите дела”. Кон краjот на 1995 година e назначен за митрополит Австралиско-новозеландски.[1]

Митрополитот се замонашил на 19 јуни 1980 година во придворскиот манастир „Св. Великомаченик Георгиj” во Криви Дол, Скопје. За Митрополит на Преспанско-битолската епархиjа e избран на 2 април 1981 година, а хиротонисан бил на 14 јуни 1981 година во соборниот храм „Св. великомаченик Димитриj” во Скопје. Тој бил интронизиран е во Преспанско-битолската епархиjа на 15 јуни 1981 година во соборниот храм „Св. великомаченик Димитриj” во Битола.[1]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]