Јован Крушевско-демирхисарски
Крушевско-демирхисарски | |
|---|---|
| Крушевско-демирхисарски митрополит | |
| Црква | МПЦ-ОА |
| Епархија | Крушевско-демирхисарска епархија |
| Ракоположен | 20 јуни 2023 |
| Службата завршила | во служба |
| Претходник | нема |
| Наследник | во служба |
| Лични податоци | |
| Роден | 28 февруари 1966 Битола, СР Македонија, СФРЈ |
| Вероисповед | Православен христијанин |
| Занимање | Митрополит на МПЦ-ОА |
Митрополит Јован, целосна титула Митрополит Крушевско-демирхисарски г. Јован, познат и под световното име Зоран Вранишковски — митрополит на Крушевско-демирхисарската епархија на МПЦ.
Тој е поранешен егзахр на Српскатата православна црква во Македонија како архиепископ на Православната Охридска Архиепископија, позиција која ја добил по прифаќањето на Нишкиот договор во 2002 година. Пред тоа бил митрополит на Повардарската епархија.
Во јануари 2004 година, Вранишковски и десетина негови следбеници биле уапсени од полицијата на што реагирале од Амнести Интернешнл, кои го прогласиле за затворник на совеста. Тој бил осуден на 18 месеци затвор за „поттикнување етничка и верска омраза, раздор и нетрпеливост“.
Во 2013 година, Јован Вранишковски добил три години затвор, а 18 негови роднини и приврзаници условни казни, поради перење пари преку здружението „Анастасија" од Нижеполе.[1]
По решавањето на црковниот спор помеѓу МПЦ и СПЦ во мај 2022 година, на 20 јуни 2023 година бил назначен за митрополит на новосоздадената Крушевско-демирхисарска епархија како дел од постапката за интегрирање на структурите на ПОА во МПЦ.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Вранишковски осуден на три години затвор
- ↑ „Macedonia: Prisoner of Conscience. Zoran Vraniskovski (m), religious leader“. Amnesty International. 13 January 2004.
| Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| |||||||||||||

