Американско-канадска епархија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Macedonian cross.svg
Американско-канадска епархија
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png

Основач МПЦ
Независност
Признавање Православие
Поглавар Методиј
Седиште
Територија САД, Канада
Власт
Јазик македонски, старословенски
Верници
Портал http://www.akmpe.org/


Америкаснко-канадската епархија е една од единаесетте, односно една од трите задгранични епархии на Македонската православна црква. Формирана на Третиот црковно-народен собор одржан во Охрид од 16 до 18 август 1967 година. Прв нејзин епархиски архиереј бил митрополитот Кирил, кој 20 години ја управувал епархијата (19671987). Од 1987 до април 1989 година митрополитот Стефан ја носел титулата Американско-канадски, од април 1989 до 1992 епархијата ја администрирал архиепископот Гаврил, а потоа епархијата била под административна надлежност на Синодот. Архиепископот Михаил го Амандмани на Уставот на Македонија го презел администрирањето од 19931999, архиепископот Стефан од 1999 до 2006, а митрополитот Американско-канадски Методиј (Златанов) од 2006 година.[1]

Цркви[уреди]

Цркви на епархијата има во ГериИндијана (1963), КолумбусОхајо (1965), ТоронтоКанада (1965), СиракузаЊујорк (1968), ХамилтонКанада (1971) и др. Епархијата има 30 свештенослужители, 30 цркви и два манастира. Секоја година, почнувајќи од 1975 година организира црковно-народен собир на Денот на трудот (првиот викенд во септември), на кој учествуваат сите цркви од епархијата. Во црквите работат неделни училишта за веронаука, македонски јазик, историја на македонскиот народ и историја на МПЦ.

Наводи[уреди]

  1. Ратомир Грозданоски, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје,2000

Надворешни врски[уреди]