20 февруари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< февруари >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28

20 февруари е 51-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 314 денови до крајот на годината (315 во престапна).

Настани:

1872  Отворен е Метрополитен во Њујорк, еден од најголемите музеи во светот.
1938  Британскиот министер за надворешни работи Ентони Идн, поднесе оставка во знак на протест поради политиката на попуштање на премиерот Невил Чемберлен кон Хитлер. Кога Черчил го презеде раководењето со британскиот кабинет, Идн како министер беше еден од најактивните државници на антихитлеровската коалиција.
1941  Во САД бил промовиран првиот џип од марката „вилис МБ“, наменет за армијата на САД.
1962  САД го лансираа вселенскиот брод „Меркјури Атлас МА-6“ со првиот американски космонаут Џон Глен. Бродот трипати ја обиколи Земјата и се спушти во Атлантикот.
1970  Почнала изградбата на големиот мост преку теснецот Босфор, кој денес е прва директна копнена врска меѓу Балканот и Мала Азија.
1986  СССР ја лансирал вселенската станица „Мир“.
1987  Излегува од печат словенечкиот месечник „Нова ревија 57“ во која се пренесени Прилозите за словенечката национална програма кои претставуваат еден вид одговор на словенечките интелектуалци на Меморандумот на САНУ.
1991  Во Тирана избувнале масовни демонстрации против комунистичкиот режим.

Родени:

1925  Роберт Алтман — американски филмски режисер.
1949  Васе Манчев — македонски раскажувач.
1963  Чарлс Баркли — американски кошаркар.
1967  Курт Кобејн — американски музичар.
1969  Синиша Михајловиќ — југословенски и српски фудбалер.
1988  Ријана — барбадошко-американска пејачка.
1992  Борјан Ристовски — македонски фудбалер.

Починале:

1431  Мартин V — римски папа.
1626  Џон Доуленд — англиски композитор за лејта.
1790  Јозеф Вториавстроунгарски император од Хабсбуршката династија.
1908  Мануш Георгиев — македонски револуционер.
1910  Бутрос Бутрос-Гали — египетски политичар и дипломат.
1943  Раде Јовчевски - Корчагиннароден херој на Македонија.
1949  Василиј Лебедев-Кумачсоветски поет, текстописец на маршот „Света војна“.
1983  Танкреди Пазероиталијански оперски пејач (бас).
2002  Бранко Станковиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември