Васе Манчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Васе Манчев е македонски раскажувач, романописец, поет, драмски писател и преведувач.

Биографија[уреди | уреди извор]

Манчев е роден на 20 февруари 1949 година во с. Робово, Струмичко. Завршил Филолошки факултет во Белград. Доктор по филолошки науки. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Пратеник во Собранието на Република Македонија. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1980 година. Од 1987 до 1993 година бил директор на Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Автор е на книгите: Суша и душа (раскази, 1977), Подгорен корен (раскази, 1979), Клето лето (раскази, 1983), Јадигар (драма, 1984), Кршалнига (драма, 1984), Бледица (драма, 1985), Чинки (раскази, 1987), Подигравки (драми, 1988), Инакво лице (роман, 1988), Тажни свечености (избор раскази, 1988), Насушна сушност (раскази, 1989), Залудни раскази (1993), Големи богови, мали богови и привиденија (поема, 1994), Свирепа вечност (поезија, 1995), Измислена душа (раскази, 1996), Амин (роман, 1998), Сиреч (раскази, 1998), Волшебно време (раскази, 2000).

Добитник е на наградите: „Рациново признание“, „Стале Попов“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. НУБСК - Историја
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 151.