14 февруари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Февруари 2016 14 февруари е 45-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 320 денови до крајот на годината (321 во престапна).

Настани:

1663  Канада стана француска покраина.
1972  Советскиот вселенски брод „Луна 20“ се упати кон Месечината. По 11 денови престој, назад донесе примероци од површината на Месечината.
1995  Перуанските власти соопштија дека го зазеле последното упориште на еквадорската војска на својата територија и прогласија едностран прекин на огнот во 19-дневната војна со Еквадор.
1996  Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Бангладеш.

Родени:

1448  Нанина де Медичи — ќерка на Пјеро ди Козимо де Медичи.
1904  Вангел Коџоман — македонски сликар.
1947  Тим Бакли — американски рок-музичар.
1951  Кевин Киген — англиски фудбалер.
1977  Кедел Еванс — австралиски велосипедист.
1986  Јан Бакелантс — белгиски велосипедист.
1987  Единсон Кавани — уругвајски фудбалер.
1988  Анхел ди Марија — аргентински фудбалер.

Починале:

869  Кирил Солунски — еден од творците на првата словенска азбука.
1468  Јохан Гутенберг — пронаоѓач на техниката за печатење со подвижни букви.
1779  Џемс Кук — британскиот морепловец.
1943  Никола Петров Русински — македонски социјалист и револуционер.
2014  Том Фини — англиски фудбалер.
2015  Фрањо Михалиќ — хрватски и југословенски атлетичар.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември