Јоханес Гутенберг
| Јоханес Гутенберг | |
|---|---|
| Роден | Јохан Гутенберг ~ 1394[1] Мајнц, денешна Германија |
| Починал | 3 февруари 1468 Мајнц, денешна Германија |
| Националност | Германец |
| Занимање | гравер, пронаоѓач и печатар |
| Познат(а) по | печатење со подвижен слог |
| Вероисповед | католик |
| Сопружник/ци | Елза Вирик Гутенберг |
Јоханес Гутенберг (германски: Johannes Gensfleisch zur Laden zum Gutenberg; ~1394-1468), бил германски пронаоѓач, печатач, издавач и златар, кој го вовел печатењето во Европа со неговата техниката за печатење со подвижен слог. Неговото дело ја започна печатарската револуција во Европа и се смета за пресвртница на вториот милениум, воведувајќи го модерниот период на човечката историја. Тој одигра клучна улога во развојот на ренесансата, реформацијата, добата на просветителството и научната револуција, како и поставувањето на материјалната основа за модерната економија базирана на знаење и ширењето на учењето кај масите.
Ја усовршил печатарската машина и прв почнал да користи излеани метални букви. Во 1455 година ја отпечатил Библијата и во 1457 година отпечатена била првата книга во боја — „Мајнчкиот псалтир“ во црна и црвена боја. Починал во 1468 година.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]| Оваа биографска статија за личност од Германија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|