Ресен — град во југозападниот дел на Република Македонија и седиште на Општина Ресен, и претставува административен и економски центар на областа Преспа, која е заградена со високи планини. Баба од источната страна, Галичица од Запад, Бигла од северната страна. Локалната власт, деловни и важни институции се ситуирани во Ресен.
Градот Ресен лежи во северниот дел на Преспанската Котлина, од двете страни на Голема Река, а недалеку северно од Преспанското Езеро, на надморска височина од околу 880 м. Зафаќа површина од 402 ha. Низ Ресен поминува магистралниот пат М-5, кој на запад го поврзува со Охрид (36 км), а на исток со Битола (32 км). Има умерено-континентална клима со просечна годишна температура на воздухот од 9,6 оС и просечна годишна количина на врнежи од 717 мм.
Во антиката просторот на Преспа бил населен од горномакедонското племе Орести. При Филип II Македонски тие се цврсто споени со македонската држава.
За време на Римското Царство низ Преспа поминувал познатиот староримски пат „Вија Егнација“. Покрај него биле изградени повеќе населби и попатни страници. Една од нив била Скиританија, на чие место подоцна израснала словенската населба Ресен.
Во VI и VII век во реонот се населува словенското племе Брсјаци.
Панорама на Ресен во почетокот на XX век
Првпат Ресен се спомнува како средновековна населба во една повелба на Душановиот законик од 1337 год, под името Росне. Во еден попис од XVI век населбата е регистрирана како Ресне. За време на владеењето на Стефан Душан (XIV век) исто така како населби се спомнуваат и Јанкоец, Љубојно, Наколец, Нивици и Глобочани и самата област Преспа (рибари од Преспа). Во XVIII век со развојот на трговијата и занаетчиството Ресен прераснува во мала градска населба.
Жени од Ресен во своите народни носии во почетокот на XX век
Во 1582 година, Преспанската нахија го опфаќала пределот околу северниот брег на Преспанското Езеро, но Ресен не се споменува во оваа нахија. Подоцна во 17 век, Ресен израснува во касаба, која Евлија Челебија ја има споменато, но надвор од Преспанската нахија. Овој патописец, за градот кој го посетил во истиот век, запшал: „Ресен има 180 куќи покриени со ќерамиди, со само две маала. Населбата е опкружена со бавчи, а населението е христијанско и муслиманско. Има две џамии од кои едната е сместена во чаршијата, а во нејзиниот двор има медреса. Има и дервишко теќе, амам, ан и дваесет дуќани“[1]
Во Ресен дури кон крајот на 18 век, започнале да се развиваат занаетчиството и трговијата, а со самото тоа, јакнела и економската моќ на самите трговци и занаетчии. Поради тоа, неизбежно било и оформувањето на чаршија, додека самата населба прераснувала во економски центар на Преспа. Во почетокот населбата добива градска физиономија, за подоцна да стане и административен центар на турската власт. Истиот век, поточно во 1894 година, е осветена и катедралната црква Црква „Св. Кирил и Методиј“, на кое осветување присуствувале голем број идни и угледни дејци од Македонија. Иако навидум постои економски пораст во градот, поголемиот број граѓани се бореле за својата егзистенција. Експанзивниот начин на стопанисување, не овозможувал добар животен стандард на населението. Поради ваквите состојби, во Ресен и во неговата околина, голем број граѓани од цела Преспа, заминуваат на печалба во туѓина. Најголем број од населението заминало на почетокот на 20 век, во периодот пред и за време на Балканските и Првата светска војна, и тоа најмногу во прекуокеанските земји.[1]
За време на Илинденското востание во август 1903 во Ресен и неговата околина се воделе жестоки борби. Иако дошло до ослободување на повеќе преспански села, градот Ресен не бил ослободен. Во втората половина на август во Ресен пристигнале три одреди турска војска и броен башибозук, вкупно околу 600 души со цел да ги задушат востаничките сили во реонот.[2]
Во градот Ресен започнала Младотурската револуција на 3 јули 1908 година кога турскиот офицер Ахмед Нијази-бег организирал прва востаничка чета составена од турски војници и граѓани. Кон оваа револуција масовно се приклучиле и Македонците. Целта на револуцијата била модернизација, уставност и демократизација на земјата.
За време на фашистичката окупација, Преспа доживува уште едно распарчување. Северниот дел со градот Ресен потпаднал под бугарска окупација, а делот јужно од Ресен под италијанска окупација и приклучен кон т.н. Голема Албанија.
На 2 август1943 во непосредна близина на с. Отешево било одржано познатото Преспанско советување, на кое присуствувале членовите на ЦК на КПМ главниот штаб на НОВ и ПОМ. Тука биле донесени важни одлуки за понатамошниот разгор на востанието во Македонија.
Голем број преспани активно учествуваа во повеќе единици на НОВ на Македонија.
Дефинитивно Преспа своето ослободување го дочека на 11 септември1944 год.
Во единиците на НОВ и партизанските одреди од Преспа учествувале 1.902 борци. Од нив носители на "Партизанска споменица 1941" биле 29 борци. Поетот Мите Богоевски бил прогласен за народен херој. Во борбите за ослободување на Македонија загинале 128 борци. Поистакнати команданти и раководители од Преспа се: Наум Веслиевски - Овчарот, Мите Трповски-Војводата, Цветко Узуновски и други.
Панорамски поглед на градот Ресен, погледнато од камбанаријата на црквата „Св. Никола Горни“ во селото Царев Двор
По 1385 година Преспа како и цела Македонија потпаѓа под Османлиското Царство. Од тој период во градот Ресен и селата јужно од него се доселува турско население. Во XVIII век турските феудалци од албанско потекло, почнале да населуваат и албанско население. Покрај нив, во Преспа се спомнуваат и Власите како посебен ентитет.
Во првиот организиран попис на СФР Југославија од 1948 година, во Ресенскиот срез имало 23.137 жители, од кои 4.737 во градот Ресен, а 18.400 во селата во Преспа. Од етнички аспект, населението го сочинувале 17.354 (75 %) Македонци, 2.462 (10,6 %) Албанци, 2.421 (10,4 %) Турци, 290 (1,25 %) Роми, 246 (1,06 %) Срби, 240 (1,03 %) Власи и 124 останати.[3]
Етнички групи
Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 8.748 жители и спаѓал во групата на мали градови.[4] Етнички гледано, населението е составено од:[5]
Изглед на една улица во Ресен, 1925 г . Фотографија на браќата Манаки
Ресен, 1920-те години
Разгледница од Ресен, од 1920-те години. На разгледницата се гледаат фотографии од: Гимназија, Сарај Дворец и Канцеларијата на поглаварот Ср. Преспански
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.