Захарина Веловска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Захарина Веловска
Роден 1873
Ресен, Османлиска Империја (денес Македонија)
Починал 1940

Захарина Веловска е родена во 1873 година во Ресен во фамилија која се занимавала со трговија и можела да и овозможи на девојката да се школува. Завршила гимназија во Солун, акушерство во Русија, а медицински факултет во Нанси, Франција. Во 1901 година изработила докторска дисертација на тема „Структурни испитувања на епифизната жлезда кај некои цицачи“, за која добила златен медал. Нејзиниот труд го привлекол вниманието на научната јавност и бил објавен во списанието „Невракс“, а делови од него биле цитирани во учебници и дела на медицински истражувачи. По завршувањето на факултетот се вратила во Ресен, сакала тука да работи, но требало да добие дозвола во Цариград зашто земјата во 1901 година била под отоманска власт. Била одбиена бидејќи како жена не и било дозволено да работи како лекар. Поради тоа заминала во Софија, каде добила дозвола за работа. Таму работела во Сливен каде што се појавила епидемија, а потоа во Пазарџик. Во меѓувреме се омажила за Панајот Димитров. Покрај секојдневната работа, имала формирано друштво „Горда Македонка“ во Бугарија, каде што со свои средства им помагала на оние што поради војните бегале од Македонија во Бугарија. Починала во 1940 година.