Голема Албанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Присуство на Албанците (виолетова боја) на подрачјата во т.н. „Голема Албанија“
Австрија е готова да и признае автономија на Албанија, доколку се спогоди со Бугарија за Голема Албанија, на сметка на намалување на Србија (пиротскиот крај). (26 јули 1911)

Голема Албанија — политички концепт кој има за цел да ги обедини сите етнички Албанци и територии каде што тие живеат, или наводно некогаш живееле, во еден ентитет. Може да се каже дека делумно признатата независност на Косово е една од фазите на овој проект, кој Албанците главно го нарекуваат „Етничка Албанија“ (-{Shqipëria e Madhe}-). Заедно со постоечката Албанија, терминот ги опфаќа териториите на соседните држави, вклучувајќи го Косово, Прешевската долина, териториите во јужна Црна Гора наречени Малесија, северозападна Грција (грчките регионални области Теспротија и Превеза, наречени од Албанците како Чемерија), и дел од западна Македонија.

Обединувањето на поголема површина во една територија под албанска власт беше теоретски покрената од Призренската лига, организација во XIX век која имаше за цел да ги обедини Албанските населени подрачја (и други региони) во еден автономен албански вилает во склоп на Отоманското Царство. Но сепак, концептот на голема Албанија во границите од 1913, беше единствено имплементиран де факто и де јуре под италијанска и нацистичко германска окупација на Балканот во текот на Втората светска војна.

Во некои територии на Балканот населени со Албанци, беа формирани вооружени сили во текот на 90-тите. Тоа беше Ослободителната војска на Косово (ОВК) која се бореше против Југословенските сили во Косовската војна, Косовскиот заштитен корпус, ОВПМБ која делубаше во Прешевската долина, ОНА во Македонија, и АНА.

Во САД постои големо лоби кои ја промовираат идејата за Голема Албанија. Лобито го формирал поранешниот американски конгресмен Џозеф Диогарди, кој е етнички Албанец.[1]

Име[уреди | уреди извор]

  • Етничка Албанија е термин користен првенствено од албанските националисти да ги обележат териториите утврдени како традиционална татковина на Албанците.[2] Друг термин користен од Албанците, е "Албанско национално обединување" (албански: Ribashkimi kombëtar shqiptar).[3] Албанците исто така го користат и терминот "Shqiperia Natyrale", или "природна Албанија".
  • Голема Албанија е термин користен главно од западните научници, политичари, итн.

Области каде што живеат етнички Албанци[уреди | уреди извор]

Фашистичка т.н. Голема Албанија

Фашистичка Голема Албанија[уреди | уреди извор]

Помеѓу 1941 и 1945 година, во текот на фашистичката окупација, Италија го анектираше најголемиот дел на Косово и Метохија, западните делови на Македонија и источните делови на Црна Гора и ги приклучила во таканаречената Голема Албанија, која беше италијански протекторат,со кралски указ од 12 август 1941 година.

Од Албанаците се формирани единици како помошна полиција. Во градовите по 20-30, а во селата по 10-15 луѓе. Во поголемите места се италијанските квестури со 30-40 полицајци. Од Албанците Италијанците и Германците се формираат албански квислиншки формации: Бали Комбетар, дивизија СС Скандербег и Реджимент Косово.

По Втората светска војна[уреди | уреди извор]

Косово и Метохија[уреди | уреди извор]

Косово ден денес има Албанско мнозинство, кое е пресметано дека е околу 92%. [4]

Прешево, Медвеѓа и Бујановац[уреди | уреди извор]

Македонија[уреди | уреди извор]

Моментален статус[уреди | уреди извор]

Неодамнешната независност на Косово би можела да се толкув како успех за создавањето на Голема Албанија (ако оваа територија би била приклучена кон Албанија или федерализирана во државата), иако ООН јасно кажа дека ако Косово стане независно, приклучување кон друга држава нема да биде можно. Во анкета направена од Програмата за развој при Обединетите Нации УНДП, и објавена во март 2007 година, само 2.5% од Албанците во Косово мислат дека унификација со Албанија би било најдобро решение за Косово. 96% од испитаниците сакаа Косово да биде независно во своите денешни граници.[5]

Политичко користење на концептот[уреди | уреди извор]

Албанското прашање на Балканскиот Полуостров е делумно последица од одлуките направени од западните сили касно во 19. и рано во 20. век. Сан Стефанскиот и Берлинскиот конгрес му дадоа албански населени подрачја на другите држави, што предизвика реакција да се формира Призренската лига.[6] Има една теорија дека Велика Британија, Франција, Германија, и Австроунгарија сакаа да држат рамнотежа во Европа касно во XIX век.

Степенот до кој различните групи работат кон, и што преземаат за да воспостават Голема Албанија е оспорен. Нема докази дека нешто повеќе од неколку непретставителни екстремистички групи работат кон овој концепт; мнозинството од Албанците сакаат да живеат во мир со нивните соседи. Но сепак, тие сакаат човековите права на албанското население во Република Македонија, Србија и во Грција да бидат почитувани. Одличен пример е нивната пријателска врска со Црна Гора и поддршка кон интегрирање на Албанците во Република Македонија — каде Албанците имаат свои претставници во Македонската влада, државниот парламент, локалната власт и бизнис секторот и нема докази за систематска дискриминација на етничка и религиозна основа против албанското (или било кое друго) население во државата.

Во 2000, тогашната американска државна секретарка Медлин Олбрајт рече дека меѓународната заедница нема да толерира каков било напор за формирање на Голема Албанија[7]

Во 2004, беше формирано движењето "Самоопределување" во Косово, како движење кое се противи на надворешно мешање во државата и работи за сувереност изведена од луѓето, како дел од правото на самоопределување. Движењето "Самоопределување" доби 12.66% гласови во гласачкиот процес во декември 2010, и е едно од движењата кое се залага да се формира референдум за унија со Албанија.[8]

Во 2012, националистичката Црвено-црната алијанса (албански: Aleanca Kuq e Zi) беше формирана како политичка партија во Албанија, која има за цел да ги обедини сите Албанци во една земја.[9] Тие предизвикаа серија инциденти каде што страдаше етничкото македонско население од Пустец и Голо Брдо во Албанија. Таа екстремна националистичка партија беше виновна за фрлањето на јајца кон автомобилот на македонскиот премиер Никола Груевски, при неговата посета во Албанија за време на празнувањето 100 години Албанска државност.

Во 2012, како дел од прославата од Стогодишнината од Албанската независност, премиерот Сали Бериша зборуваше за "Албански земји" кои се простираат од Превеза во Грција, до Прешево во Србија, и од македонскиот главен град Скопје, до црногорскиот Подгорица, налутувајќи ги Албанските соседи. Коментарите беа исто така испишани на ѕид кој е претставен во музејот во Влора, каде што независноста на државата беше прогласена во 1912.[10]

И поранешниот премиер на Албанија, Пандели Мајко, во интервју за една тиранска телевизија рече дека "Голема Албанија е неповратен процес".[11]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Американско-албанското лоби за Голема Албанија“. Архивирано од изворникот на 2009-02-28. Посетено на 2010-10-07.
  2. Bogdani, Mirela; John Loughlin (2007). Albania and the European Union: the tumultuous journey towards integration. IB Taurus. стр. 230. Посетено на 2010-05-28.
  3. „Alternativat e ribashkimit kombëtar të shqiptarëve dhe të Shqipërisë Etnike..!“. Gazeta Ditore (албански). 10 December 2012. Архивирано од изворникот на 2013-01-24. Посетено на 1 January 2013.
  4. CIA. „The World Factbook“. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 27 July 2010.
  5. UNDP: Early Warning Report. March 2007, p. 16 (Online text) Архивирано на 18 мај 2015 г.
  6. Jelavich, p.361
  7. „Albright warns Albania against expansion“. BBC News. 19 February 2000.
  8. „Lëvizja Vetëvendosje“ (PDF). Lëvizja Vetëvendosje. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-02-18. Посетено на 1 January 2013.
  9. „Aleanca Kuq e Zi“. Архивирано од изворникот на 2011-10-17. Посетено на 1 January 2013.
  10. Albania celebrates 100 years of independence, yet angers half its neighbors Associated Press, November 28,2012.[1][мртва врска]
  11. Колумна: Ристо Никовски“. Архивирано од изворникот на 2013-02-07. Посетено на 2013-01-13.