Пустец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пустец
Pustec / Liqenas
—  Општина  —
Пустец и островот Мал Град

Знаме

Амблем
Пустец се наоѓа во Албанија
Пустец
Координати: 40°47′13″ СГШ 20°54′08″ ИГД / 
Држава  Албанија
Област Област Горица
Општина Општина Пустец
Надм. вис. 861 м
Население (2000)
 • Вкупно 1.120 жит.
Рег. таб. KO

Пустец (албански: Liqenas, но од 2013 г. Pustec) — село и општина во Мала Преспа, Албанија, во рамките на округот Горица (Корча) со македонско население.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Панорама на Пустец

Пустец e село во Република Албанија и административен центар на Општина Пустец (Opshtina Pustec), која од 1973 до 2013 г. се нарекувала Лиќенас (Komuna Liqenas) и се наоѓа во јужниот дел на областа Мала Преспа на брегот на Преспанското Езеро. Градоначалник на општината е Едмонд Темелко (победник на изборите одржани на 18 февруари 2007), а сите членови на советот на општината се исто така етнички Македонци. Грбот на општината го содржи древниот македонски симбол Ѕвезда од Кутлеш над кое стои натпис на македонски Општина Пустец, а под него на албански. Тоа е всушност прв случај на официјална употреба на македонскиот јазик во Албанија.

Села во општината[уреди | уреди извор]

Општина Пустец ги опфаќа следниве села:

Историja[уреди | уреди извор]

Во селото постои цркваСвети Архангел Михаил“ изградена во 1754 година.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Економската состојба во селото и целиот крај е катастрофална. Само 5% од жителите се вработени, а населението главно се занимава со земјоделство, риболов, сточарство и продавање на разна стока на пазарите во поголемите градови во Македонија и Албанија.

Демографија[уреди | уреди извор]

Двојазична табла во Пустец

Во 1900 година според бугаринот Васил К'нчов селото броело 410 Македонци православни (кај него „бугари“)[1]. Во селото живеат околу 1300 жители, и скоро сите (над 99%) се Македонци

Година Население
1900 410
1926 515
1945 565
1960 697
1969 788
1979 941
1989 1.035
2000 1.120[2]
2007 1.500

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Црквата во Пустец

Во селото работат основно и средно училиште, а овозможено е образование на македонски јазик само до четврто одделение. Во рамките на училиштето во Пустец постои и библиотека со огромен фонд на книги на македонски јазик.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Збратимени општини[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]