Долна Горица
| Долна Горица Goricë e Vogël | |
|---|---|
| село | |
Долна Горица и заливот Завир во Преспанското Езеро | |
| Координати: 40°52′37.92″N 20°55′30″E / 40.8772000°N 20.92500°E | |
| Држава | Албанија |
| Област | Горица |
| Општина | Пустец |
| Општинска единица | Пустец |
| Население (2007) | |
| • Вкупно | 550 |
| Час. појас | средноевропско време (UTC+1) |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Долна Горица — село во Општина Пустец, Област Горица, југоисточна Албанија. Селото се наоѓа во географската област Мала Преспа.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото е сместено под источните падини на планината Сува Гора и излегува на заливот Завир во Преспанското Езеро. Осровот Голем Град е на растојание од околу 5 км.
Историја
[уреди | уреди извор]Истражување на крајот на XIX век покажува постоење на 75 куќи и 67 машки македонски жители.
Во февруари 1996 г. во селото се одржува конференција на која присустуваат членови на Владата на Република Македонија каде се разговара за македонското малцинство во Албанија. Во 2013 г., името на селото Goricë e Vogël се менува во македонското име Долна Горица.
Култура
[уреди | уреди извор]- Во 2002 х. во селото се отвора библиотека исклучиво со книги на македонски јазик.
- Споменик на Македонците - бегалци од граѓанската војна во Грција е откриен во селото во 2013 г.
- Долна Горица е седиште на Денот на виното, кој се одржува секоја година во декември.
Демографија
[уреди | уреди извор]Според Васил К’нчов во 1900 г. селото броело 42 православни Македонци[1]. Архивирано на 15 мај 2007 г.
| Година | Население |
| 1900 | 42 |
| 1926 | 511 (со Горна Горица) |
| 1945 | 149 |
| 1960 | 108 |
| 1969 | 210 |
| 1979 | 271 |
| 1989 | 253 |
| 2000 | 364 Архивирано на 11 февруари 2012 г. |
Родови
[уреди | уреди извор]Долна Горица е македонско село.
Родови во селото се: Вурмовци (доселени се од Туминец во 1955 година), Горичени, Доневци, Трајковци, Калешковци, Шумкаровци и Шулиновци (доселени се од Шулин).[2]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Како што е општопознато, Македонците во отоманскиот период од различни автори, но особено во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Јовановски, Владо (2016). Населбите во Преспа. Скопје.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||
